Знам обично на Alibaba нарачуваат на големо. Треба да ги контактираш во порака. За поголеми нарачки има и помала цена. Е треба добро да се распрашаш и за доставата. Види ѕирни таму. Не знам точно за накит, но општо на големо од таму прават нарачки. На AliExpress некогаш сум начекала и ланчиња, прстенчиња за 30-40 денари, но ова кога има попусти и кога даваат купони. Можеби ќе има нешто за Black Friday.
Ве молам за помош. Дајте ми предлог за подарок за најдобрата другарка и нејзината ќерка. Услов е да биде нешто мало и лесно затоа што мајката на другарка ми ќе и го носи, а е ограничена на тежина во багажот.
Девојки, поднесов за извод преку електронскиот портал, со назнака да ми стигне по пошта. Две недели се поминати, се уште немам ништо добиено (претходно имам поднесувано, ми стигало за 2-3дена). Бев во пошта, нема ништо на мое име. Советуваат да се јавам во матично, ѕвонам на бројот што е оставен за контакт, не ее јавува никој. Дали некој знае каде може да се обратам кога е во прашање електронска нарачка, некој друг број можеби (имаат адреса но не можам во брзо време да одам). Благодарам
Нема да ги добиеш на телефон, не се јавуваат или не им работат телефоните не знам. Електронски со назнака да си го подигнеш од кај што ќе наведеш за еден ден се готови и можеш да си го земеш. Алка или ланче од Зиа. Spoiler: Зиа https://zia.mk/
Дали за блек фрајдеј има попусти во аутлелите во Солун? Конректно прашувам за мега аутлетот во продавницата Гес?
Здраво, имам едно прашање. Ми стигна пратка со патики од Спорт м ама сакам да ја вратам бидејќи ми се мали и да ми ги рефундираат средствата. Е сега, пишува за враќање оргиналната фактура. Дали се мисли на таа шо е залепена на самиот пакет? Таа содржи и податоци и датум за пратката и се’. Или се мисли на фискална сметка? А јас фискална сметка не добив во пакувањето.
Јас како што знам се мисли на таа горе фактурата затоа што при карго нарачки фискална сметка не се праќа, потребна им е во фирмата да ја имаат.
Продуктот што сакам да го нарачам е 54 евра, шипингот е 2500 денари. Ќе ми го царинат на ДХЛ? Колку одприлика би чинело тоа?
Доколку доставата е со ДХЛ, мислам дека без разлика на цена го царинат и плус плаќаш лежарина, се на се околу 2-2500 денари.
Здраво, ве молам некој што се разбира, секако ако не претставува проблем, да напише што е потребно за да се подготви и изведе една опера. Убава вечер дами