Како оди замена во стружанка? земав поише работи од кои за две едно побарав , а друго ми дале уште ме прави будала јас сум барала тоа, ај нема врска, ќе побарам во друга замена зошо на моиве локал не им влегувам веќе, но што ако нема, дали во другата би ми вратиле пари?
Ако не се поминати 15 дена, законска обврска им е ако сакаш замена да ти сменат или да ти вратат пари, со фискална нормално и ако не оштетен или употребен производот. И да си побарала може си се предомислила кога си излегла, што ги боли уво нив. Оди кога е некоја друга на смена и тогаш побарај си пари. По правило не може да се вратат пари или да се смени во друга продавница, не зборам конкретно за стружанка.
Ма ужас! Отиде маж ми и смени за друго , не сакале нова фискална да дадат, па имале стар програм, ми се јави точно 40 мин. бил внатре Баш би се пожалила ама незнам каде, дали ова е политика во секоја Стружанка ако смениш нешто за друг производ , старата фискална ја задржуваат а нова не даваат? Може така им е наложено?
Ако го сменам тел број а имам вибер Дали на другите луѓе кои го имам во контакт ќе им се покаже мој нов број? Ако да, како да направам да не им се покажи мој нов број?
Зависи каков календар бараш, по продавнициве има од тие со чоколатчиња што се. Мислам дека и парфимериите и продавниците за козметика имаат некои свои адвент календари.
Ракија, ако има привезок некој со носија, со шлемот на Александар. Види си од Скопје, кај споменикот на Филип 2ри. Ако стојат на времево уште. Таму има кул работи
Како чистите веш машина? на што програм ја пуштате? нашава нешто има чуден мирис, вчера го исчистивме одводот, имаше од оние ловците за бои исполапано. https://www.google.com/search?q=sam...biw=1517&bih=730&dpr=0.9#imgrc=bEpolQQ0bSZszM ваква е нашата, на што програм треба да се пушти да се исчисти?
Треба да има програма за самочистење, повеќето имаат. Ако нема, во бубањот стави малку прашок за перење помешан со сода, а на местото на омекнувачот во фиоката стави алкохолен оцет и пушти ја машината на вриење, празна. А филтерот секогаш мора да се чисти рачно, па и одводот. Марамиците знаат често да го затнат, не дозволувајте да одат таму, на секое перење каде што ставате такви ловци на боја, проверувајте дали е тука после перењето.