Јас бев лани. Освен делот кај што е панаѓурот или како да го наречам, друго нема многу. Цените лани беа средни, не баш ниски ама не ни екстремни да не можеш да си дозволиш. Сепак, зависи од џебот. Според мене, доволни ви се неколку саати таму.
Им пишуваш на маил и заедно со фактурата го пакуваш продуктот. Они ти праќаат карго кое сама го плаќаш и од кога ќе примат нарачката и увидат дека е ок ти праќаат нов продукт. Во продавница не прават замена.
Дали има шанса млад студент да се вработи/волонтира во бранша на политика тука во Македонија? Какви се опциите и шансите да влезеш без врски?
За да се вработиш преку политичка партија во мк треба прво да станеш член на некоја партија, второ да си активен во партијата односно во штабот во кој ќе бидеш распределен според место на живеење, тоа значи да присуствуваш на состаноци со другите членови, пред избори да лепиш плакати, да убедуваш луѓе да гласаат за партијата да им се јавуваш да ги ставаш во список дека се сигурни гласачи т.е. да носиш гласови, ќе треба безрезервно да ги промовираш и штитиш партиските ставови дури и кога не си согласен, и најважно да ги лажеш луѓето во твоја околина дека твојата партија е најдобра, итн. И после 7-8 години ќе напредуваш во партијата и ќе дојде момент да избираш дали ќе продолжиш да одиш напред во зависност и какви контакти ќе направиш, или ќе одлучиш да останеш на едно исто ниво и ќе ургираш кај партиските другари кога ќе аплицираш за работа во државна администрација ако твојата партија е на власт, директорот од твојата партија да те вработи. Мој совет до тебе подалеку од партии тоа време што ќе вложиш за да стигнеш до работно место, ако го вложиш во сопствен бизнис верувај многу побрзо ќе успееш и ќе има за нормален живот, никому ништо нема да должиш. Во Македонија може да се успее само треба да се вложи малку повеќе време, трпение и труд.
Мојата бранша не е баш за уметност, затоа мислев дека може да се поврзе некако со политика на некој начин? Не зборам директно во партија на седиште туку на тие високи позиции, мислам дека можам и имам шанса за тоа па сакав да чујам мислења. Ви благодарам.
Ти благодарам но имам ситни мали како плускавици на ногата па дали би ми помогнала со што друго да се мачкам тоа ми е алергија добиена од мешање повќе креми. Секој совет е добредојден, фала.