ABC. Така беше ппрано, сега одамна не сум била ако не отвориле нешто друго, ама не верувам, истата е години и години.
Дечки дали сте виделе некаде вакви долги женски јакни? Да не се преголеми како мечка. И цена отприлика. Фала
Дали некаде низ Скопјево изработуваат персонализирани лампиони? По можност од тие проѕирните што ги полнат внатре со топчиња, пердуви и сл. Ама да си отидам у живо да си порачам и да си го земам, неќам преку интернет.
Не знам баш за персонализирани, ама во Веро имам видено проѕирни и со други додатоци со нив. Можеш да си ги исполниш со што сакаш, можеш и слика да ставиш.
Имам златна рипка и се однесува малку чудно денес. Го најдов видеото на интернет од прилика нешто вака ако некој има разбирање ве молам за одговор
Нема можеби воздух ако постојано иде на врвот на аквариумот, а може и да е до квалитет на водата, несоодветна температура па дури и болест. https://jaljeev.com/why-do-goldfish-come-to-the-top-of-the-water/
Има ли некаде точна апликација што покажува за автобуси? Често не ми доаѓаат автобуси, а во апликација ги пишува дека за брзо ќе дојдат. Што е проблемот? Не возат линиите на ЈСП или немам добра апп?
Ради блокадите, а и поради тоа шо во моментов има дефицит на автобус оти приватниците не возат, се е каша попара.
Дали шофершајбна е од шофер или има некое друго значење на некој друг јазик? Шајбе гледам дека е од германски Scheibe. Ама на германски и англиски е Windschutzscheibe како за заштита од ветар, а на македонски шофер.
Здраво дечки. Минатиот месец бев во Виена, патував со автомобил е сега сметката за телефон ми е огромна. Отворив детална и гледам за интернет по 2000ден од број, а 4 броја имаме во пакетот. Времето кога е трошен тој интернет воопшто не ми се поклопува со ништо-период низ Унгарија кога патувавме и кога знам со сигурност дека не сум чепнала тел, а не па да пуштам нет, после во Виена сабајлето кога стигнавме и знам точно до колку спиев, а во тој период ми бапнале 1700 ден за интернет. Таму имавме картичка со неограничен интернет и сите се приклучувавме на тој нет и исто и тој период гледам има наплатено интернет. Смс пораки имам пишано 8, наплатени се 14. Дали на некој ова му се случило и предлог како можам да докажам дека тој интернет не е искористен воопшто?