Во темата каде што прашав пред некој ден не добив одговор, па се надевам дека овде ќе има некој што ќе ми помогне. Девојки дали може да ми препорачате добар гинеколог за матичен, но не приватно туку државно и доколку имате контакт да ми оставите би било уште подобро?
Дали некој може да ми каже кој е најисплатлив начин да префрлам пари на некој во друга држава, конкретно 100 евра се во прашање и ако знаете отприлика која би била провизијата?
На улицана Пролет има реклами од Кипер маркет, покажува дека има маркет накај Олимписки некаде, ама не го наоѓам. Стари им се рекламите или е набутан некаде маркетот?
Како ги плаќате сметките? Порано прелу web страницата на БЕГ, плаќав, сега на страницата на ЕСМ не наоѓам таква опција.
Сакам да нарачам персонализирана новагодишна кугла со моја слика, со вода внатре тие што се и како со снег, каде има?