Такви за слики имаш по фотостудија, а можеби и џамбо и некои такви продавници. Сама си ја ставаш сликата внатре.
Сметката за вода најевтина провизија имаш во банката каде што имаш сметка, таму уплати си ја, за друго пошта.
Што им правите на јаболката дома толку многу од децава што ви ги носат? На сестра ми и дале 4кг плус на брат ми што имало деца што не сакале да земат два пати му дале, 8кг него, ќе ни скапат дома а не ги јадат..
Од училиште. Изминативе денови актуелно беше тоа, некој проект на Владата, во сите училишта на сите деца им давале јаболка. Едит, да дополнам „Едно јаболко на ден - и ќе бидеш здрав како дрен!“ Хранливите вредности на овошјето и зеленчукот се во основата на проектот „Здрава ужинка за секое дете“ што го спроведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за откуп на свежо овошје, зеленчук, млеко и млечни производи. Во рамки на овој проект, МЗШВ им додели по четири килограми јаболка на сите ученици во основните училишта во државата.