Готово во наредна тура и кашкавал ќе има Друга некоја порачка да пренесиме? Ајде дури е отворен списокот...
Поднеси приговор да го разгледаат, само колку ќе ти помогне не знам. Одамна , пред можеби 12 години мене ми стигна оооогромна сметка за телефон, за временски период од 5 дена, како на секоја секунда да сум праќала пораки за наградна игра. И guess what,цела сметка си ја платив, ништо не помогна
Цело време гледаш што ќе пишам, каде ќе пишам и одма тргнуваш да се закачаш со мене, да се рчкаш, културно те замолувам да не ми реплицираш.. Не влегувај во дискусија со мене, и јас ќе избегнувам дискусии каде што си вклучен ти, благодарам однапред..
Од што може од нигде никаде да ми се гаси лаптопот? го извадив од штекер, седнав на кревет да гледам серија и се изгаси и вчера и завчера истото од чиста мира.
ама, претходно не правел вака.. сум го вадела од штекер, и без гајле, сеа се гаси ко да ќе рикне.. да цркне.
Може да е до батеријата, види кога ќе го уклучиш на полнач дали покажува дека се полни. Ако се наполни, на некое време прегледувај колку брзо се празни. Може да не е во ред батеријата, па џабе да полниш. Други може до вентилацијата. Види можеби да се загрева премногу и да не се лади доволно. Ако е до батеријата можеш да ја извадиш.
се полни иначе мноооогу брзо се празни ама лаптопов го иам најмалце 10 години, не знам со мене, како не рикна досеа. на АСУС ќе им пратам едно писмо за пофалба ахаххахахаха као пишува пример remaining time until charging: 2h 28min тој се празни после пола саат, може и малце повеќе ама фикс не држи толку е загрева.. а и одамна не е чистен до прашина а загрева, јајца да спржиш
Добро е и толку што ти издржала батеријата, нова батерија ти треба, ама пред да даваш пари за нова батерија, најдобро на сервис однеси го цел да ти го проверат.
(шмрк) (шмрк) Секогаш реплицирам таму каде што сметам дека треба, а доколку не сакаш да ти реплицираат едноставно не пишуваш. Или еве да ти помогнам можеш да пишуваш во темата СДК без цитирања. Не мораш да се заблагодаруваш за помошта