Ај малце помош. Ми кажаа во гтц подрумот имало некој часовничар, каде се наоѓа поточно? Воопшто не сум била доле значи не знам распоред..., за ориентација некој помош за да не се вртам као изгубен германец? Имало некоја продавница за бокс опрема се продавало во близина...
Во Агенција за вработување, ако се пријавуваш прв пат, лична карта и диплома за завршено образование, ако си била претходно пријавена, само лична карта.
Ќе влезеш во пролазот кај Стружанка, карши Веро. Од прилика четврти дуќан од десна страна е часовничарот. И да не се снајдеш, прашај некој ќе те упати.
За багажот, имаш селектирано приорити и со тоа имаш една рачна торба (10кг) и едно мало куферче (10кг). Доколку избереш дополнителен багаж од чекираниот, тогаш добиваш yште еден кyфер, за кој што треба да доплатиш. Во однос на седишта, доколу избереш да не селектираш седишта сега, автоматски да ти доделат, тогаш не треба да ја платиш таа дополнителна сума.
Едно чудно прашање. Ме интересира како некој дошол до идејата да биде на пример хирург или пилот? Има ли некој таков на форумов или познавате? Јас на пример никогаш не би можела да работам едно од овие две и животот на други луѓе да зависи од мене. Од каде се добива идеја, желба? Или едноставно роден е некој за тоа? Не знам дали ми се сфаќа поентата.
Јас сакав како мала да бидам форензичар, да испитувам зашто умреле луѓето, среќа кога потпораснав желбата ми ја снема..
јас кога сакав да запишувам медицина, сакав да сум хирург, многу сакам да помагам на луѓе и да спасувам животи, ама и јас не бев доволно храбра да зимам туѓи животи во раце. Ја би плачела така на сред операција од жал кон болниот, и си реков ај батали. А пилот не би била пошто имамс трав од висина... а и тешко е за пилот да учиш
Не можам да се сетам дали има некое фото студио околу Мавровка или па Веро Центар, ГТЦ? Немам времe па да не барам.
За багажот сфатив, фала ти многу. А за седиштата не ми дава таква опција, и да одберам сама и са кликнам recommended seats во секој случај се наплаќа, само се менува сумата во зависност од седиштата. Без тоа да го одберам не можам да продолжам
Како некој сака да биде пекар, фризер, шофер? Моментално специјализирам хирургија, за мене најубавиот дел (и дел кој ми минува без да го осетам) од работниот ден и (пре)долгите дежурства ми е кога сум во сала, кога држам срце во рака, кога шијам, кога врзувам... Секој има нешто што го влече, и нешто што не. Никогаш не сум размислувала за други професии, ама дури и да е медицина, пак си има разлики - јас пример нема шанси да се мешам во гинекологија, исто како што некој кој е на интерна не може да работи хирургија. Сè е до интерес и истрајност