Како да се здружам со дечко кој ми е сосед? Нов е во мало, се запознавме во живо и се додадовме на социјалните мрежи. Би да се дружам со него, ама не сакам да мисли дека му се пуштам ако му пишам за кафе.
Каде да најдам сет со диносауруси? Знам дека има Џамбо, ама не сум од Скопје. Онлајн би било супер ако сте виделе
Како да контактирам главен на фб за проблемот што ме снајде? Попладне одеднаш ми се исклучи без претходно известување, и сега администратор бара потврда , пуштив слика ама сеуште чекам фидбек
Дечки, имам ситни пари шо редном да не ми тежат ги оставам дома. Е сега прашањево ми е, шо да направам со нив. Можам ли во банка да ги однесам да ми ги окрупнат?
Зошто на wizzair кога одбирам да платам во денари ми излегува околу 10 евра поевтино отколку кога бирам во евра? А има слушнато дека во евфа требало да се плаќа зошто се конвертирало автоматски и испаѓало поскапо на крај. Како е попаметно да платам?
Сакав на катастармк да проверам сопственост. Куцам домашната адреса, вика ,,не се пронајдени записи”? Сѐ ни е уредно, легално итн Зошто нѐ нема? Буквата ја тргнав и дава број само Не треба име презиме нешо да има?
Во маркет, дека ако укрупнуваш монети во банка или менувачница ќе ти пресметаат и провизија и ќе добиеш помалку.
Не им функционира изгледа нешто во последно време. А и не знам дали за твојата општина имаат внесено податоци, зашто кога требаше да проверам за мој роднина во Ѓорче не излегуваше ништо. Пробав по адреса и за комшиите што му се исто за никого ништо не излегоа податоци.
Како ти испаѓа поефтино така плати. Многу работи им се несредени таму, ако те води патот оди на лице место и провери. Ако не сте се договориле за рок кога да ти ги врати, тогаш прашај си. Најчесто во ваквите ситуации на крај испаѓаат тие криви што си ги бараат парите, а не тие што не ги враќат.
Поевтино ми испаѓа во денари, но ми имаат кажано да плаќам во евра зошто наводно кога ссе повлекувале парите се конвертитале во валута на евра и испаѓало поскапо.
Ако добро се сеќавам, еднаш и јас барав и така не ми излегуваше. Најдобро ако го најдеш бројот на катастарскиот плац/ бројот на имотниот лист пробај со тоа. Јас така се снајдов.