Значи ми требат зборови од Head way учебникот по англиски, арно ама ги нема во мојот учебник, само во тој професорката што го користи, и сега може некако да го најдам професорскиот учебник?
незнам дали е овој но се надевам дека ќе ти помогнам http://www.slideshare.net/tuanvic/new-h ... chers-book
Пиши го на гугл името на учебникот и додади му teacher's book и ќе ти најде. Ќе ти најдев и јас, ама не знам дали ви е новата верзија или старата и како точно изгледа учебникот.
Знам дека не е за тука прашањево ама итно ми е. Сакам да најдам скроз бели филџани за кафе, без ниту една шара на нив. Не ми треба еден, два него цел комплет од 6 барам. Сте виделе негде и до колку е отприлика цената? Фала П.С. Или ако знаете со што би ја извадила шарата?
^На пластичарската улица, во продавниците за сервиси имаш што сакаш избор каков сакаш...прекрасни форми на чисто бели филџани. Поубавите се некаде над 500ден. па нагоре (и поквалитетни)
Девојки, сакам да ја гледам емисијата преку нет Home takeover with Simon and Tomas, каде можам да ја најдам? Отидов на страната OWN TV ама вика дека не била дозволена за овој регион
На пластичарската.Кога барав за еспресо,најдов тука.Ем најевтини-некои 200ден 6 чаши,ем чисто бели-такви и барав.Претпоставувам сакаш малку поголеми,имаше и такви.
Имам неколку прашања Ќе ви бидам благодарна доколку некој ми одговори 1.Дали некој може да ми даде линк од страна каде што ќе можам да се допишувам(значи само да се допишувам,без видео) со анонимни? (колку да утепам досада).Да нема педофили,манијаци,дегени и други напалени створења , туку едноставно некој со кој ќе можеш фино да свртиш 2-3 реда муабет 2.Дали постои некаков начин да се дознаат моите лични информации((се разбира без јас да им ги дадам истите)) или нешто друго што би ја загрозило мојата безбедност?!
На овие прашања знам дека не им е местото тука ама нема каде да ѓи поставам.... 1.Феминки дали знаете некој филм што е снимен во Австралија,така некој тинејњерски или фамилијарен итно ми треба,ако знаете пишете ми во лп. 2.Тие што го имате гледано филмот ЛОЛ со Мајли-Која е песната(мајка и кога ќе ја носи на школо и кога ќе ја пејат во колата).... Ве молам кој знае некој одговор од двете прашања нека ми пише во лп итно ми е....Позз
Не ми се верува дека е здравствен проблем, затоа ќе прашам тука во општи. Значи пред неколку недели, сестра ми беше кај мене дојдена и спиевме заедно во еден кревет. Додека заспивавме(си легнавме во исто време) осетив дека многу е немирна во спиењето(зошто заспа пред мене) како да кажам, не клоцаше во спиење, него онака правеше мали мрдања со речиси цело тело, како да се штрекнуваше, како да објаснам не знам, се надевам ме сфативте. Е сега, дека си е темпераментна си е, трењира исто ама во тој период не одеше на тренизни, јас истово го забележав и пред да спиеме заедно кога ја посматрав денски како спие и исто така беше немирна. П.С не е бебе, се работи за дете речиси тинјџер т.е в година ќе биде тинејџер. Од што може да биде толку немирна и така да се сецка, да мрда така, недостатокт на некој витамин или нешто сосема трето или на тоа да не обрнувам некое посебно внимание? Онака ме заинтригира и ме заинтересира, далеку од тоа дека ме плаши, ама сакам да знам дали има некој објаснување. Баш ќе ја посматрам пак да видам дали мрда сеуште.
Би пишала во категоријата за музика,ама ептен ми се брза,така да овде.Утре рано сабајле тргам на пат,а итно ми требаат песни.Има некоја страна за даунлоудирање македонски евергрини и народни песни?