Корисниците на А1. Дали и кај вас е слаб домашниот интернет последниве денови? Последно време приметувам и кога сум на моб податоци некогаш знае да падне. Само кај мене ли е вака?
Слаб е. Моите користат од А1 домашен и ете на пример вчера лично се уверив дека е бавен. Уназад веќе неколку пати се имаат пожалено, доаѓа екипа и вика интернетот е супер. Не знам навистина до шо е проблемот, дали е до рутерот или само на периоди… побараа смена на рутер, им рекоа дека не можи.. За споредба се вклучив преку мобилнен интернет(исто од А1) на хот-спот од лаптоп, дури до 10 пати поголема брзина имаше отколку домашниот.
Не знам ја цело време мислам дека е до јачината на рутерите. Некои се појаки некои не. Претходниот рутер (ист од овие белите беше) беше 100 пати појак од овој рутер дури ретко се дешаваше да снема интернет.
Кај нас е модем и рутер - 2во1 марка Technicolor мислам. Пред то имавме нивни модем, наш рутер се си беше во ред. Пред некое време го сменаа модемот со овој сегашниот и од тогаш мислам е катастрофа, претходно сме немале толку бавен интернет. Јас лани чепкав нешто со мрежата, спуштав филм и многу бавно се спушташе, а воедно на торентот даваше некој проблем со конекцијата - port not open(уште то го дава), пробав со инструкции од нет, не се поправи, а богами не сум ни толку стручен искрено.