Четка или било што за косата да ми биде виткана?? Не, локни туку баш онака виткана има ли такви во neptun или каде да барам квалитетни а не играчка, фала
Дечки дали во Parfois има избор за машки? Да одам или да не одам? И за ваучерите ако знаете, од колку има?
Не најдов посоодветна тема па тука да прашам. Ми стигна писмо- потврда за остварени лични примања во 2022 од фирма со која работев по договор на дело. Треба да ја носам во УЈП или автоматски го имаат таму податокот?
да да и тоа е минимум, има и како понуди за мени за двајца кои се по 500-600 ден. За наш стандард малку цените се високи
Ќе си провериш на e-pdd.ujp.gov.mk, ова секоја година се прави ако имаш било какви приливи на сметка, плата, договор на дело, кирии, до март април беа рокови мислам. Ако е пријавата точна тогаш само се потврдува, ако не, правиш корекции и ако не платиле данок (што не ми се верува) може ќе треба и да платиш.
Лани летото го изгубив телефонот (сега дознав дека ми го украл другар) и истиот е продаден во мобилара. Во мобилара имаат податоци со сериски број и кој го продал и што и како се. Кога го изгубив пријавив во полиција но ми бараа имеи број и мислев дека ја имам фрлено кутијата но денес ја најдов во чистење. Дали е касно да пријавам сега или што би ме подучиле?
Од лично искуство полиција ништо не прави. Мене никогаш не ми го најдоа ниту ме известија. Знам луѓе што пријавиле и тие пријави збираат прашина негде, не верувам дека се постапува. Ако имаш врски у полицина можеби би ти помогнале, но сепак мислам ќе ти кажат касно е, зошто од таа мобилара бог знае ка завршил сега