Абе женски, пред некој ден ни стигна Фактура за испорачана топлинска енергија (парно) и сумата изнесува 0,0 мкд. Како е можно? Спојлер Ја онака стандард си очекувам повисока сметка за Декември, нели порамнување , ама си викам сега може во Јануари ќе ни плеснат. Инаку, откако живееме тука (веќе 5 месеци) стандард иста сума ни доаѓа секој месец, освен Декември нели...
мислам дека толификации ги части за нова година сите што се на парно со сметки 00 така слушнав петокот на телевизија
Сакам да прашам да ли има некој број за амбулантата во ѓорче,ми ѕтреба да видам која смена е една докторка..Постои ли некој број???
Девојки моментално ме прашува девер ми дали кај нас во Мк се продаваат женски чевли од Jeffrey Campbell ? Ако знае некоја од вас нека ми одговори
Мислам дека во Jumbo видов вакви во брзо време.Во делот кај што има украси, додатоци, шнолки и такви работи.
Затоа што Каде да си купам темата се води под Мода, ќе прашам тука. Каде да купам мелен мак? Нема во Тинекс, Веро и Керфур. Друго?
Нема Сефора, баравме и ние но не можевме да најдеме... порано во Рамстор си имаше ама веќе некоја година нема. Земавме зрна па го мелевме, ако успееш да најдеш известувај
Побарај во продавниците за здрава храна. Јас имам купувано сусам и ленено семе и таму ми го мелат, би требало и мак да има.
SnowWhite91 ако е тоа онаа на Алкалоид, не им работи тоа за мелење 5 години мислам дека. Благодарам за одговорите. Ќе идам во Биокулт и на пазар да побарам.
На еден производ пишува употребливо до 01.2013, е сега поминан му е рокот или трае за цел месец, па кога ке помине овој месец му истекува рокот?
Во некои од претходните сметки ви имале повеќе наплатено, затоа сега со овие сметки го надокнадија, т.е го искомпезираа претходното. Слушав на вести уште пред да ги пуштат сметките, и баш и нашата дојде пола од стандарната цена. Да се надеваме нема со следниве некој бум да не изненади
Дали некој може да ми каже дали може факлутетот да се стави во мирување и да се продолжи наредната година? и некоој да не знае кано иде тоа процедурално?