Колку е цената на месечна членарина во Палестра? Гледам дека имаат 50% попуст за 8 март, па ме интересира дали се исплати.
Купив пегла од сетек ама нешто не е во ред многу загрева дури и чури еднаш ја вратив ми ја вратија демек поправена е сега повторно дали може скроз да ја вратам и со доплата да ја заменам или не иде така
Да, сум купувала за подарок и супер се, никој не се пожалил. Имам добиено и ланче на подарок од кај нив доста често го носев и навистина супер се покажа
Може, само ќе треба да им ја приложите фискалната сметка, можеби од прва ќе се противат али кажете дека ќе пријавите во пазарен инспекторат затоа што ви продале пегла со технички дефект доколку не сакаат да ви ја вратат и барајте да разговарате со шефот/шефицата што им е ако вработениот не сака да ве услужи.
Да прашам, пакет пратен од Америка од физичко лице, означен е како подарок, сума 45$, иако реалната е повисока. Поголем пакет е, не знам точно, содржи некаков мал апарат, козметика и облека.. Дали подлежи на царина? Од царина велат кај нас такво нешто - "подарок" не е термин.. Бараат фактури, а најголем дел од работите се користени, не се нови. Не знам колку би можеле да го царинат? И дали се плаќа лежарина? 10ина дена стои на царина, никакво известување не ми стаса, се јавив во царина бидејќи го видов дека е тука со тракинг бројчето. Не ми е прв пакет пратен од Америка од истото лице, со речиси ист состав, никогаш сум немала ваква ситуација.
Јас имам еден комплет ланче и обетки, ги носам често и добри се, немаат сменето боја, убаво изгледаат, квалитетно се изработени.
Не знам дали ми е за тука прашањево ако не е, нека се премести. Какви се масажерчињава? Значи не ми треба не знам каква релакс масажа туку ете нешто со кое што ќе можам да втривам антицелулитно масло или нешо такво на пример.
Генерално во секоја ама брис од нос и грло е широк поим. Имаш најобичен бактериолошки, имаш брис за инфлуенца имаш мултиплекс ( кој детектира инфлуенца А и Б,адено, респираторен синцицијален, микоплазма и ковид ова ти е се со еден брис ), имаш брз тест за стрептокока.... значи зависи каков брис бараш.