Колку време пред истекот на дебитната/кредитната картица ви стигна порака дека ви е готова новата картица? Мојата важи до крај на март, ама на 30ти се селам надвор од државата и во банка ми рекоа 'сигурно пред 30ти ќе ви стигне порака дека ви е изработена новата и да си ја подигнете' ама колку дена пред 30ти е тоа... дали е баш ден пред крајот на истекот или малку повеќе?
Можеби оние торти од пелени козметика за бебиња, балон. Реално ако сакаш носиш ако не кога ќе дојде ќе земеш нешто..
Си купив нови чевли, преубави се ама носејќи ги ми направија позади на нозете плускавци. Дали има решение некако да ги носам без да ми прават рани, некако со памукче, ханзапласт или ништо, џабе фрлени пари?
Ќе си покрвариш уште малку додека не ги разносиш, после ќе немаш проблем. Ставај два - три ханзапласти еден врз друг, убаво залепени и со неколку носења ќе омекнат.
Не очекував, мајката на дечко ми земала поклон за мене за 8 март и ми пратила преку него, ми донесе на пауза од работа дечко ми, многу се изненадив. Не знам сега што и да и земам и вечерва да и однесам. Не сум била вака блиска со родители на ниеден дечко, немав планирано да купам ништо зошто ми беше срам ама сега ќе купам нешто. Давајте идеи, за еден саат завршувам со работа, брзо да купам и да и однесам. Вака нормална жена во пеесетите е, се дотерува, се средува, а цвеќиња има многу, така да тоа не и земам, мислев нешто друго... Вие што им земавме на мајките на дечковците или мажите?
@en5 Оди до ДМ, ќе и најдеш нешто сигурно, земи некој сет или искомбинирај самата нешто. Евентуално накит, ташна, новчаник, марама може исто. Можеш и некој ваучер од некаде ако ептен немаш идеја, добар избор за подарок е и тоа.
Книга можеби ако чита? Комбинација книга, крема за раце и маска за лице . Или пак еден парфем од дм, марама од дуки дасо…
Дали некоја ја купи маскарата што е во стокомак со црна амбалажа имаше и жолта. Ме интересира дале е добра црната?
Најчесто се пред периодите на почеток на наставата на академиите. Тоа е некаде пред септември и пред нова година. Информацијава е од мој личен заклучок. Кога ќе се најавиш на аврм пишува кога има активни огласи. Семос имаат соработка со нив и преку нив одат курсевите, ама не секој курс што го има семос е субвенциониран од аврм. Можеш и да им се јавиш на семос да ги прашаш за точни термини за курсевите од тој проект.