@Angie1432 Зависи од блискоста со личноста. На сестра ми беше накит + букет, на другарки уникатен украс по нивен вкус + бонбониера, а на подалечни, мало вино со бонбониера.
@Angie1432 Немам баш слика, ама беше поодамна, купив од продавници како што е Базаро, од делот што има некои такви по фенси фигури/украси. Пример, едната другарка многу сакаше мачки, имаше такви тетоважи и зедов со таков мотив, ептен се израдува. По други продавници има и такви поскапки шолји, украсни пенкала, и тоа ми е добра идеја, зависно што мислиш дека на личноста би и се допаднало. Ако не ти е толку блиска, можеш и некој поопшт подарок јас мислам.
Па блиска ми е ама ич не сум креативна со поклони. Мислев нешто поуникатно зашто вакви материјални работи не и фалат, само не знам што.
@Angie1432 Хмм, а пример нешто како парфем или алка да и земеш со некој персонализиран детал? Не мора да биде прескапо, чисто онака по елегантно. Или евентуално чоколатки или мафини персонализирани по повод дипломската?
Чинииве за накит се интересни за подарок и не се скапи Рачно изработен накит, брош или нараквица се добра идеја за уникатен подарок.
Нешто што би и послужило во работата. Зависи од професијата. Можеш и убаво гравирано пенкало, накит, чанта, марама..
Ќе си тргнам од мене шо би сакала, стручна литература. Останува книгата засекогаш, па и со посвета цел живот ќе те памти.
Највисоката зграда е во околина и е доста препознатлива, ако напишеш на гугл веднаш ќе ти даде каде е кога веќе бараш локација... Несфатливо ми е малку али нема везе..
Zdravo sakam da ve prasam dali so dogovor na delo ti tece stazot i si zdravstveno osigurana? Primer platata so dogovor ako e 25000 pa ako se dobie resenie moze da e tolku ili da se pokaci?
Каде има убави машки новчаници да се купат, ама не сакам од Дуки дасо, бев денес, квалитет никаков.. Ако се и поскапи, само да има повеќе избор..
Можеш да видиш во карес има доста интересни и необични работи и за по дома и така офис стаф… Не ти тече стаж и не си осигурана. Зависи од работодавецот најчесто платата е повисока од таа за договорот. Види во мона и карписа имаат убави. Исто така во гтц на втор кат мислам беше имаше продавница за кожни работи па може и таму да најдеш нешто. Јас имам за подарок земено од дуки дасо ама кожен и еве дечко ми трета година веќе го носи ништо не му фали. Ако ги имаат тие што се кожни ѕирни ги
Да бе, фешн груп, како не ми текна на нив дека имаат новчаници, ќе си заштедев 3 саати лутање.. Фала ти многу..
Бевме денес во Дуки дасо, квалитет никаков немаат, конци од новчаниците гледам се мавтаат.. Можеби порано имале поквалитетни, сега се шкарт.
Горица трејд во Гтц,Мона.Софиленд во Лептокарија носи од Америка роба на Гес,Келвин Клајн има новчаници.