Конзумирал ли некој Фибгрогел од Др-Митов? Конкретно ме интересира дали навистина помага за намалување на апетит, исто дали помага за нередовна столица?
Дали знаете некој што изнајмува шатори за кампување во Скопје? Знам дека има планинарски друштва што изнајмуваат опрема за планинарење, ама тоа е само за членови на клубот..
Имам користено јас, за апетит не се сеќавам каков ефект имаше а за столица ми помогна , задоволна бев
Јас, за нередовна столица. Одвратно Подобро да не се сеќавам на вкусот Едно пакување едвај и баталив. За столицата помагаше, а за апетитот стварно не приметив пошто и онака не јадам многу
Дали ако уплатам со картица, голема сума (околу 40.000) во продавница, веднаш ќе се повлечат средствата или ќе треба да потврдам со банката? Прв пат уплатувам со картица. За Шпаркасе прашувам.
Фиброгел по состав ти е псилиум или уште познат како индиски тегавец, го има и по маркети од биокосмос и други производители. Намената му е за подобрување на празнењето како лаксантив, не сум сигурен дали го намлува апетитот.
Тоа е поголема количина на пари и нема да можеш да платиш... Најпрво јави се во банката да ти го тргнат лимтот на сметката за да можеш да уплатиш повише пари...
Можеш, на НЛБ ако се сеќавам добро до 100.000 мкд можеше дневно да се вади. Јави се во контакт центар и прашај кој е дневниот лимит на вадење средства од банкомат.
неодамна го имав истиот проблем, па затоа ти кажувам. Јави се во банката лимитот да ти го зголемат. После тоа ќе си платеш без проблем
За апетит не воопшто, столица исто, можеби дека не го користев долго, ама грдичко ми беше. Мене се ми се регулира откако почнав да се хранам понормално (редовни оброци, без грицки и благо)
Не знам во која категорија да го поставам прашањево. Ако има тема нека премести модератор. Дали може договор потпишан да нотар да се поништи?