@KiT @Beautiful girl¿ @Merten Фала ви на мислењата @Waverly Raven Фала ти за алтернативното решение. Ќе барам да го купам во продавниците за здрава храна, бидејќи имам хроничен проблем со нередовна столица
Јас за црева го користам ова, еднаш годишно и предобар препарат е за темелно чистење дебело црево, исто ако имаш спори црева, само не се користи често, бидејќи има сена, еднаш годишно е сосема ок https://www.centarzadetoksikaciju.com/Proizvod/creva-1/
Да да, за нив знам, а и во Ист гејт има, туку дека успат ми беше овој мол, па не бев сигурна дали имаше и таму. Фала ви
Зошто не можам да најдам опција за онлајн трансакции од Стопанска банка? Се регистрирав на i-bank, прочитав како треба, ама никаде не гледам опција за налози, да изберам. Што сум пропуштила?
Да пополниш налог? Во мои сметки кога си и ги дава сите сметки и имаш опција, налози/изводи/дневни трансакции/состојба на сметка. Кликаш налози и од лева страна ги листа налозите кои се достапни за да ги пополниш.
Здраво, имам многу лешници, имам пробано 2 пати путер од лешници да направам ама безуспешно, ставам во блендер не испаѓа смесата, џабе испофрлав, еднаш комшија ми даде тегла преубав беше, сега не е тука да го прашам како го има направено, има ли некој правено да каже зашто не ми испаѓа
Јас прво ги печам лешниците и со крпа после ги тријам да се тргнат лушпите, колку што е можно зашто скрос нема да ги извадиш Во блендер ги ставам така излупени, ставам мед за засладување, кокосово или обичен зејтин и малку вода. И како блендам, постепено додавам вода за да е кремасто, зависи каква текстура сакаш. Само вака не стои повеќе од една недела, така да прави по помали количини. По интернет само од лешници (без вода) има рецепти ама така ми испаѓа ептен како суво и блендерот ми заглавува.
Хидроциклинот е антибиотик и кортико, а херпесот, ако е навистина херпес, а не афта, е вирусна инфекција од ХСВ 1 шо се лекува со ацикловир.
Здраво, не знам дали прашањето е за тука ама ми треба совет. Изгубена ми е личната карта а треба да патувам во странство на неколку месеци. Слободен термин за нова лична карта има дури откога ќе заминам, а одјавување на изгубената се врши кога ќе аплицирам за нова. Дали знае некоја од вас дали има начин да се убрза постапката ? Фала многу