Утре јави се во банка во кол центарот и кажи им нека ти ја блокираат сметката за онлај повлекување на пари, значи во иднина да не можеш онлајн да вршиш трансакции
Жити се, како поверува?! Прво колку неписмено е напишано… Јави се одма во банка да ти ја блокираат картицата. Работат 24/7. Инаку, за што и колку плати?
Имаше на инста како известување и тагнати може 5-6 профили за учество на игра за награда ајфон, се појавија може 10 кутии и имаш три пати можност да ги погодиш, кај мене на втор обид излезе, следен чекор да пишеш лични податоци, име, презиме, адреса, бр на трансакција за уплата на чинам 120 или 150ден Ее тука веќе ми беше сомнително и страв ми беше да пишам и го исклучив. Најверојатно си собираат пари, а може и не ете ќе пише членката, иначе имаше слично ваква превара и на фб со пакување на рачно направени свеќички со уплата директно на жиро сметка, не ми е јасно дали некој контролира што се се се случува
Јас од што немам верба во вакви работи и да е вистина, да стварно сум добила и да ми се јават ќе ги откачам
До 4-5. Има некои кои работат и до 6 ама поретко, особено сега за Рамазан. @GirlVolley а да се јавиш во банка да се консултираш? Или да извадиш пари се што имаш?
Дали има некоја алка или часовник од типот на паметни, но да нема потреба да се поврзува со телефон? Сакам на татко ми да му земам, за мерење на пулс, чекори и сл., но он нема смарт телефон, туку од оние најобичните.
Ботаника на Орце Николов спроти центар за странски јазици; Буенос Диас има и на кеј и во Ист Гејт; на треска ресторанот исто е многу убав ама заборавив како се викаше; Дион според мене во Аеродром е поубав него во Центар; Баба цана има одлично јадење доколку сакаш малку покафански; Хотел Русија и Хилтон исто така доколку имате кола на Велешко езеро Глориус е добар и Гардениа; исто и новиот хотел Аустран Палас По ФБ низ страниците милион ги има, јас така мојот си го земав. Сите мачки што се на овие просори се шорт хер, персиските и некои од порасните се плаќаат, вака навстина не гледам зошто би плаќал. Сите смрт доколку не ги врзеш со телефон си функционираат и се. Можеш да отидеш во Нептун или нешто и да ѕирнеш и да видиш кои најдобро би одговарале. Мислам дека оние најобичните ќе ти завршат работа. Добар избор од нив имаше во техномаркет и по прифатливи цени.
Да не има некој проблем со Телеком? Не можам да добијам одередени особи, а некои можам ми гаси како да немаат мрежа
Јас сум телеком и немам проблем, да се јавиш во кол центар може знаат нешто...и јас да прашам, Да не има некој проблем со Мој ДДВ 10 сметки од денес ми пишува невалидни