Колку време ќе треба за да се извади пасош ако е изгубен? Нели се сликам и давам изјава каде сум го изгубила. Исто се чека две недели така?
Здраво... Не сум носела до сега теписон на машинско да перам, па да прашам, прилично ми е нов теписонот 6месеци, дали е подобар избор машинско да го однесам или сама да го исперам? Бидејќи не е валкан со ништо вака, дали машинско е за теписон кои повеќе се користеле или? Што би ми предложиле?
ние со години ги носиме, доаѓаат од дома ни ги зимаат, не ми текнува фирмата ама со плаво им е комбенцето. Супер ни ги чистат. Џам edit: И јас да прашам нешто, вакви рамни четки со шо чистите? досега си користев заоблена, и скоро секое влакно го чистев. Ама оваа ми е нова, и сакам да ја исчистам, прегадно ми е вака како да ги тргнам скроз? Спојлер: може да е гадничко некому
Не знам дали е за тука ама ај... Дајте ми идеја за некое убаво место во Скопјево за пијачка.. Не мислам на места од типот на Интермецо, туку нешто полабаво ама да не е ни ептен нешто како маалски кафич.. Сите места ги имам превртено, веќе не ми ни текнува кај да излезам..
Дали на форумов има опција некои слики од одредена тема што ги поставува член на форумов да се блокираат? Или решението е целосно да се блокира членот?
Дринкерс Долап Ли Сиф У Аеродром кај последна 5ка имало некој нов кафич со убави коктели Харт бар? Коцепт Синдикат Круг Не е до тебе, Скопје е предосадно више
Да ти кажам ја со стара четка за заби, сапун топла вода малце оставам и четкам и на јако сонце да де исуши.
Ако Скопје е предосадно што останува за другите градој, пример мене ми е срам да кажам шо неаме ни едно рок барче, да се подружиме ние со мрсните коси и шо носиме кациги за да ги акаме глајте од маса.
Не знаеше другаров да каже, ама битно запамтил дека има коктели за стотче Не знам дали е кај Мамбо или понапред
Хахахаха, знајш дека сум срамежливо дете што планира да работи преку пц и шо помалце контакт со луѓе.
Аааа пер спирт цените се џабе, коктели https://spiritbar.info/мени/коктели#page-zones__main-widgets__6322ae6856b1d Баш ќе расчачкам по нетов, знам кај авионче има два, генерално де ефтини може и коктели имаат..
Да да ама дали се оштетуваат повеќе машински или подобро нов теписон дома да се пере, тоа ми беше прашањето, фала на предлогот
@Feminka22 За чистењето на четката: Прво со пинцета детално ги отстранувам сите влакна што останале. Потоа, прво ја потопувам во топла вода, колку да се намокри. Потоа, на површината ставам шампон и со стара четка за заби детално ја "рибам". На крај пак со топла вода плакнам и со фен ја сушам четката.