Пробај врвките рашири ги повеќе. Обично од страна пуштаат. Може од што ти потекуваат нозете да има врска.
Немам проб со нозе фала му на господ, така да од тоа не е сигурно, а врвките пробав ама џабе од страна нешто не е како што треба еднаш удобни еднаш неудобни
Здраво, Дали во пандора може да стават циркон? Ми испадна од привезок купен од кај нив, но не чувам гаранција.
можеш на кондураџија, ги става на машина ден два и се шират само кажи му пократко за да си пробаш после да не ти се широки
Луѓе, во кои наши банки на банкомат е најповолно да вадиш пари од странска картичка? Каде има најмала провизија?
Имам вадено Нлб (300ден провизија) и Уни банка (320ден). Мислам дека горе долу на сите банки е околу 5 евра (+/-) фиксно без разлика на која сума. Е сега, рачунај дека и издавателот (странската банка) на картичката ќе ти запре провизија процентуално на извадената сума, пошо ќе повлекуваш во друга валута.
Што би купиле од Мкд за странец? Треба да земам пар работи за цела фамилија, дајте предлози. Се мислев да земам врамен филиграм, пеперутка на пример. И книга за Македонија. Можеби брош? Жената има бисер купено при посета во Охрид, така да, тоа не. За детенцето планирам дрес, бидејќи многу сака фудбал. Дајте други идеи!
Зависи од буџетот, можеш и рачно изработена резба на ѕид, ако се пушачи табакера со старото македонско знаме, ракија во шишече изработено со елементи од Македонија, мали чашки за ракија исто со македонски мотиви, опинчиња приврзок
Здраво, доколку земам кола на rent A Car за неколку дена, со неа можам да одам во било кој град на мкд конкретно за тие неколку дена така? И доколку познавате добра фирма што издава ве молам пишете ми!