Благодарам. Не знаев во каква форма може да се најде, затоа пишав сув. Ми треба за рендање, за лек, а сум читала дека е добар за многу работи, меѓу кои и за слабеење (отстранување на целулит). Јас пред 5-6 месеци ја земав од Зегин, но замисли беше со изминат рок. И не ја употребував, така што не знам дали има ефекти од неа или не. Не беше скапа, во секој случај.
Zдраво феминки,ми треба итно да ми кажете доколку знаете кој е подобар педијатар,без разлика дали е приватен не ми е битно.Mалава моја имаше ларингит и бронхит,помина една недела и пак се повторува цел месец е болна.Cега приметувам и како да дише побрзо и побрзо да и чука срценцето.Cакам да знам дали може да се направи ехо, и др испитувања,доколку некој знае нека ми пише ве молам.
Девојки, кој е поупатен да ми каже каде се вади зелен картон (оној со кој можеме да управуваме возило во странство). Колку чини...за колку вреем е готов... што какоо... Однапред благодарам.
Зелен картон се вади во осигурителна компанија и веднаш ти го издаваат. Еве што најдов на интернет за цената Зелениот картон за патничките возила до 66 киловати ќе чини 60 евра, за оние над 66 киловати 90 евра, а за товарните возила цената е 280 евра. Досега цената на зелениот картон за автомобилите се движеше од 40 евра за еден месец до 150 евра за една година, а за товарните возила чинеше 280 евра.
Ќе може ли некој да ми испрати линк каде што можам да проверам цени за авионски билети според датуми? Едно време ми се чини имаше реклама на сајтот на фемина, ама сега го нема. Ми треба да проверам летови за Минхен.
Јас имам сретнато во кинеските продавници слични на тие,само незнам дали сеуште има Знам дека пред неколку дена гледав во обична форма, само држачите им беа во форма на срциња и имаше по некоја сликичка така на нив А инаку проверете и во Базаро, таму можно е да има
Има има во Базаро. Незнам какви се тие од Авон, ама овие во Базаро се како две споени срциња. Ги има сино и црвено/розево во комплте, ги има само розевки, има и со лажичка
Фото апарат или видео камера ? http://www.technomarket.com.mk/browselist/8/photo-video http://www.amc.com.mk/Default01.asp?id=68&l=3 ммм....треба да ми текне и на други, барем на овие по сандачиња што пикаат реклами
Здраво! Не знаев каде да прашам..Оваа тема е активна и тука мислам дека најбрзо ќе добијам одговор..Па да прашам.Имам за на училиште да нацртам „необична професија“.Професија која е ретка да се види..Може да ми каже некој што можам да нацртам и некоја идеја како да нацртам..Благодарам
Мој совет е да си земеш каталог, или да разгледаш по продавниците за таква техника, затоа што на сајтовите повеќето модели ги нема и немаш ориентација со што располагаат.
Види на фејсбук страната на Anima Mundi. Тоа е здружение за заштита на животните. Ги земаат напуштените животни, ги бањаат, вакцинираат, чистат и ги даруваат.