Ако се МКД пробај во маркет секогаш бараат, само средени по апоени. Ако се ЕУР во банка само со провизија и тоа тешко.
Нема врска што се лепени валидни се, само да не се од различни банкноти (лево и десно со различни сериски броеви), за денари провизија не смее да се наплаќа само се примаат за уплата. Ако имаат кеш ин АТМ и тие ги примаат.
Што би можела да земам од аптека како во шише со распрскувач за дезинфекција? Ама да биде безбедно и ако дојде во допир со храна
Најбезбедно е оцетна киселина сама да си ставиш во шише со распрскувач. Друга опција е хидроген 3% од аптека.
Некој ако има порачувано од pretty little thing или општо, дали може да ми каже како оди работата со поштарина/царина. Како се движат цени за наплата?
Дали е легално да ставам антена внатрешна и да си фаќам канали наши, македонски со неа? Имам одвишок телевизор и антена
Тоа е игра на среќа со поштарината, не знам колку беше за Мкд ама сигурно се плаќа. Влези во темата Онлајн Шопинг таму имаат пишувано повеќе членки.
2.000 ден. + те чинеше додатокот или? Од таму купи рамки, стакла со диоптер? Па ова плус? Има избор на рамки?
Ако телевизорот не ти е смарт со вграден ресивер, покрај антена ќе треба да купиш и ресивер, бидејќи сега сите канали се дигитални и без ресивер нема ништо да фаќаш.
Па ова се одеше во комплет, многу избор баш и нема. После ти става стакла со диоптер. На магнетите немаш диоптер.