Слика од компјутер не можеш да пратиш. Можеш само од интернет, на истиот начин како што ставаш слика во пост.
Девојки не сум од Скопје па затоа да прашам ако можи да ми кажи некоја каде во Скопје се наоѓаат бутиците Бершка, Х&М, Њу Јоркер.. ?
Здраво Барајќи по форумов не најдов таква тема, па ноова сум (да се оправдам) Сакам да ве прашам, сакам да купам книга, меѓутоа не знам дали ја има во нашиве книжари. Затоа што гледав филм, сниман според таа книга. Книгата се вика "Act like a lady think like a man" - Steve Harvey! Дали сте ја сретнале низ нашиве книжари? Јас ја побарав во веро, но не ја најдов.. И ја сакам со превод на македонски јазик. Ако имате некоја информација каде можам да ја најдам, пишете ми. Фала однапред
Книгава ја има на македонски,јас ја имам позајмено од една другарка.Побарај убаво низ градов,сигурно ќе ја најдеш негде
Прашав во темата ` Детски раст и развој ` , но еве и тука ке прашам Дали знаете каде низ Скопје можам да најдам некоја играчка/книга што збори/пее на македонски јазик , за ќерка ми има 22 месеца па сакам да и купам нешто вакво
Дечки некни на некоја програма здогледав дека наскоро ке има некое шоу танцување со познатите . Кога ке почне и на која програма ?
„Танц со ѕвездите“ ќе се емитува на МРТ1 на крајот на февруари или почетокот на март во викенд-термин, но точна дата не се знае.
Аааа..Незнам дали прашањево е за тука,ама дали Феминава само мене ми е ваква,модернизирана,што ли е,не е како порано?Ни смајлињата не ми се кај што ми беа,од десно?Што е работава?
Феминки ај кажете ми број на некое скопско такси? И колку отприлика ке ми земат од факултетот за бизнис логистика до веро пример?