Не знам дали ми е прашањето за тука. Сакам да прашам како може да го затворам профилот за пребарување на фб и како да го тргнам тоа да ми пишат порака...оти преку(ај да не кажам шо) ми е од секакви манијаци. Фала ви однапред
Сите програми се полни со вируси, џабе ќе бараш. Ќе треба песна по песна да ги симнуваш преку веб-сајтови, гуглај нешто како Youtube to Mp3 online converter.
Дали знаете какво патничко осигурување да извадам, ќе одам Германија со син ми на 2 недели? И дали има потреба да носам документ од татко му, тој живее таму?
Дали знаете кога ќе има некои попусти во Нептун? Или да ми предложите каде да купам кујнски апарат за кафе со капсули по нормална цена?
Јас имам пробан е неколку пати со различни видови еспресо капсули не е користен, долче густо е ако сакаш ќе ти го продадам
Користев делимано, ми требаше поголем си купив тефал и сфатив дека сто пати се подобри. Топла препорака
Здраво девојки. Може ли некоја да ми објасни како се префрлаат пари од сметка на сметка, јас сум на комерцијална банка. Активирана ми е услугата во банка, но сега не се снаоѓам.. Да не има посебна апликација или?
Личната карта ми истекува на почеток на јули, а термини има дури втората половина на август. Дали во банка треба да ги ажурирам податоците и да го сменам бројот на лична карта со број на пасош и така да ја користам сметката, да не ми ја блокираат или да не не можам да ја користам ако не го направам тоа?
Во моментот кога ќе ти истече личната карта ќе ти ја блокираат сметката во банка. Кога можеш пред тоа намини и ажурирај ги податоците со пасош, па кога ќе извадиш нова лична карта само смени ги. Едит: Всушност нема да можеш да ја користиш (да располагаш со средствата), а приливи ќе ти пристигнуваат.
Нема врска ова. Личната карта не е поврзана со сметката. Затоа банките прават ажурирање на податоците на неколку години, па тогаш се менува се што е истечено и обновено. И со помината лична карта може слободно да си располагате со сметката на банкомат, за на шалтер може пасош да приложите.
Јас мислам дека сите овие што ги имаш набројано се добри, а би ги додала и Health Aid на листата (Претпоставувам последната точка се мисли на Natural Wealth)
https://www.aliexpress.com/item/330...sjAmzwXmnocPgY5JqR9wHPnvQTVIi7gI-h95LokX7Zaks Дали некој има нарачувано вакви филтри, дали се океј?