Знам дека ли е глупо прашањево, но воопшто не се разбирам, а ми треба сигурна информација. Дали со македонски број конкретно од телеком може да се ѕвони од Бугарија во Македонија, на пример како што направија со Западен Балкан или би немало мрежа?
Можеш да ѕвониш. На нив им одговара од Македонија у ЕУ да ѕвониш, пошо коа ќе ја видиш сметката шлог ќе добиеш Само со Западен Балкан е тоа. Со ЕУ не важи. Боље ѕвони на вибер И од овде таму да ѕвониш пак ќе те изгорат У секој случај те горат
Да, да знам дека важи само за Западен Балкан и затоа прашав. Само што прашањето не ми беше ако ѕвонам од Македонија туку обратно. Значи пример со мојов Мк број ако сум во Бугарија дали ќе имам мрежа да ѕвонам назад во Мк?
Па треба да наместиш Ја кај мене иам стаено мануелно да се мења пошо во Охрид кога одам, знае да фати мрежа од Албанија. Не знам дали ме сфати Ако не ти е автоматски, треба сама да смениш
Утре патувам со автобус за Германија, знае некој дали смеам да носам лаптоп или дали треба да се пријави на царина?
Имам слична ташна и ми треба дали има негде да купам вакви кожни врвки, што ја собираат? Претходниве ми се преизлитени.
Зависи колку кратка сакаш да ја шишаш и колку ти е долга.. Јас од кога се шишав кратко воопшто не се каам и на крај краева коса е тоа расте, за коса најмалку се секирам
Ич да не жалиш Плус лето е. Да не ја повторувам koritsaki, ама ако се каеш после, ставај рицинусово и одма ќе порасне
Денес ми се случи еден многу немил настан.Возејќи накај работа се загледав у климата нешто ми зафркаваше и едно куче си лежело на сред улица не го видов дел од секунда беше буквално и му ја повредив ногичкатаЗастанав цела испаничена со него беше газдата работеше таму го прашав да повикам ветеринар ми рече не ништо не му е не му многу удрена 100 пати му реков на човекот да повикам ветеринар немало потреба он видел не сум го удрила многу….ми се слоши дури од стрес а сирото под една кола се скри исплашено.Цел ден го мислам луге незнам што да правам се јавив на човекот ми рече ништо не му е не се потресувај толку еве го оди малку куца само Ама што ако му е скршена знае ли да каже сирото колку го болиискрено овде немаме добри ветеринари а како да го земам и да го однесам на друго место кога човекот ми вика нема потреба од ветеринар негово е…. Цела сум потресена подобро колава да ми се иксршеше отколку ова да ми се случи.Што да правам кажете ми?
А што можеш да направиш? Се случува ете... Прво човекот не смеел да го остави да лежи на пат, второ ете ти своето си го направила, си застанала, си понудила помош. Чим сопственикот бил сведок, а и сам ја одбил помошта, не можеш ништо да направиш. Што е, тоа е, ти да си здрава и жива. Не се секирај, ќе му помине на кутрето
Здраво, ми треба судски преведувач за стручни медицински документи (на германски да преведе), можете да ми предложите? Ама да бидат стварно добри преведувачи, бидејќи имам носено документи и пола не преведени ми ги враќаат. За Скопје прашувам.