Разбирам, затоа прашав дали е лицето веродостојно. Инаку не е невообичаена пракса вака да се плаќа капар, ама нема друг начин на гаранција.
1 година учам германски и ништо не научив, едноставно не го сакам тој јазик. Самата помисла да учам или пишувам ми е одбивна. Ја знам основата и сфаќам дека доколку го научам ќе ми помогне во кариерата (можеби), но едноставно ми е токсично и се измачувам себе си. Цел живот сакам да учам шпански или италијански но дали навистина би ми "помогнале" овие јазици во животот? Кој би го одбрале вие?
Мажот и жената се во брак, но имаат различни презимиња. Нивното дете по автоматизам го добива презимето на таткото или има можност да бираат, односно, дали може детето да го носи презимето од мајкта?
Откако ќе направиш една трансакција на банкомат,после тоа по колку време можи да се подигнат повторно пари?
Јас и сопругот сме со различни презимиња детето е со неговото, кога го пријавува таму таткото оди преку него
Можеш веднаш нова трансакција да направиш. Не знам за други банки, на нлб со една трансакција максимум 40.000 може да извадиш, а дневниот максимум можеш сама да го одредиш. Дифолт мислам е 100.000 денари.
Се вработив во приватна фирма во февруари и правото за годишен одмор ми следува во септември за тогаш и хп пишав одморот. Прашањето ми беше дали законски ми следуваат 2 слободни дека месечно и пред да поминат првите 6 месеци. Ги прашав надлежните од фирмата ми рекоа дека годишниот одмор ми е тогаш и тогаш и пред тоа не можам ништо. Во законот го најдов ова, но не ми е јасно дали според првата ставка ми следува или не затоа што јас сепак се стекнувам со право на одмор во истата календарска година. Ве молам ако може некој да ми појасни затоа што итно ми требаат 4 слободни денови, а уште со сигурност не знам дали ми следуваат.
Јас колку што знам не ти следуваат ако грешам некој нека ме поправи.Можеш боловање да си отвориш ако толку ти требаат тие 4 дена тоа е се што можам да ти кажам толку знам
Фала ти, но ете штом не си сигурна би сакала и други мислења да слушнам затоа што дури и правни лица ми кажаа дека ми следуваат, но ме буни малце делот од законот кај што пишува дека ми следуваат доколку во тековната година не сум остварила право за одмор. Боледување не ми се зема туку така и доколку ми следуваат подобро ми е чесно да си ги искористам отколку да се плашам дали некој ќе ме дознае.