Јас колку што знам не ти следуваат ако грешам некој нека ме поправи.Можеш боловање да си отвориш ако толку ти требаат тие 4 дена тоа е се што можам да ти кажам толку знам
Фала ти, но ете штом не си сигурна би сакала и други мислења да слушнам затоа што дури и правни лица ми кажаа дека ми следуваат, но ме буни малце делот од законот кај што пишува дека ми следуваат доколку во тековната година не сум остварила право за одмор. Боледување не ми се зема туку така и доколку ми следуваат подобро ми е чесно да си ги искористам отколку да се плашам дали некој ќе ме дознае.
Ако те бива и ја сакаш работата зошто да не , и двата се барани, еве ја лично повеќе го сакам шпанскиот. Имаш огласи и за едниот и другиот, барани се ..
@BelieberYeahh од моето работно искуство можам да ти кажам дека фирмите си играат со овој закон како им одговара. Во една дури се испокарав со правничката. Некои го почитуваат она за секој месец 2 дена одмор а некои пак додека не наполниш 6 месеци нема шанси да добиеш одмор. Она што е логично е да добиеш за секој месец 2 дена одмор. Зошто, да речеме 6 месеци си работел во една фирма без одмор. По 6 месеци се префрлуваш во друга без прекини во стажот. Ти го имаш документот дека не си го искористил одморот но новата фирма ти вика мора да пројдат уште 6 месеци за да земиш одмор. Што значи ти ќе бидеш без одмор 12 месеци. Што реално нема никаква смисла.
По два дена од месец ти следуваат само ако во претходната фирма не си искористила годишен одмор, а тоа ќе ти го потврдат со потврда од правнат служба/HR. Доколку не си имала претходно (пред оваа фирма) засновано работен одмор мора да ги чекаш тие 6 месеци да поминат. Многумина си го толкуваат правото како што си сакаат а всушност многу е просто напишано, барем нашите закони во РМ. Имавме случај сега во приватна фирма каде што правникот во фирмата се водеше по законот од 2013 год, така да толку ги бива.
Епа ајде да ја објаснам ситуацијата зошто еве пак добивам мешани одговори. Во предната фирма не ми течеше стаж затоа што не бев пријавена иако работев повеќе од 6 месеци таму. Така да ова би му дошло како претходно да не сум била во работен однос во кои би ми следувал годишен одмор па така и по тие два дена месечно колку што разбрав? Затоа и слика ставив ако може некој да ми го протолкува. Не сакам ни самата да отидам да им се направам паметна кога реално немам доволни познавања од оваа област. Но, доколку законски ми следува би сакала тоа да го знам и да можам да го искористам.
Чим во претходната фирма не си била пријавена, значи не ти следува сега. Ќе мора да чекаш да поминат 6 месеци. Исто и да си била пријавена, а си имала прекин во стаж макар и еден ден, пак не ги следува.
@BelieberYeahh најдобро е да се договориш со фирмата. Можете да направите договор дека доколку не останеш 6 месеци кај нив на работа тие 4 дена да ти ги одбијат од плата. Види ти правно и да си во право ако тие не сакаат сега да ти ги дадат тие 4 дена повторно ќе најдат начин пак да не ти ги дадат. Ќе се вадат на обем на работа и сл. верувај пак ќе најдат начин.
Следуваат по 2 дена да, но по навршување на првите 6 месеци, не претходно. Освен доколку фирмата не ти излезе во пресрет. Јас исто така кога се вработив ми требаа слободни денови а имав 5 месеци стаж, во договор со претпоставените ми излегоа во пресрет.
Јас колку што знам овие два дена месечно не се поврзани со претходен работен однос. Пример, земаш во јули 2 дена и кога ќе направиш 6 месеци во таа фирма, наместо да имаш 20 дена за користење, ти останале 18. Но, ако сакаш да земеш во август, пак ќе можеш само 2, иако во јули не си ги зела. Не можеш да ги споиш 4 дена заедно (ова додека немаш 6 месеци)
Јас имам користено 2 дена одмор додека да наполнам 6 месеци стаж. Претходно бев вработена во друга фирма, немав прекин при вработување воопшто, но годишниот одмор во претходната фирма ми беше целосно искористен.