Ако имаш некој познат што многу добро борда и што е доволно добар и трпелив да ти ги покаже основните работи, ќе поминеш со едно пиво или Јегер Се шалам Доволно е некој да ти ги покаже основните работи-како да станеш, на пример, на ски-лифт како да се качиш итн. Се друго сама ќе научиш, верувај За на Шапка не знам, не сум била годинава, можам да ти кажам како стои ситуацијата на Маврово, ако нешто ти помогне информацијата На Маврово има еден куп инструктори, има во ски-школата кај што се изнајмува опрема (они работат по ценовник најверојатно), има и горе кај бачилото (со нив како ќе се договориш). Мене инструкторот за скијање (си го таксав кај бачило, не во ски-школата) ми посвети бајаги време (околу 2 саати) и на стаза и на ски-лифт, па на крај не сакаше пари да ми земе, ама успеав да го натерам 500 денари барем да земе Ако планираш да земаш инструктор, може да се договориш со некој друг што сака да земе инструктор, поевтино ќе ве фати.
Има ли некоја апликација за следење, пример во моментов да видам каде точно се наоѓа одреден телефонски број, т.е. сопственикот на бројот?
гааааааааааајс ај нидд а хеееееееееееелп !!! помагајте сериозно вчера бев кај една другарка и имаше многу шминки и ајде џоа ке се шминкам и ајде ок и гледам таму пидри ова она и баш сум фатила таква за мрсна кожа а мојата е сува и ајде денес сум како баба лицето ми е исушено до даска такво рапаво... ај ве молам некој совет неможам да поднесам
Женски, ај линк од темата каде имате дискутирано за торти по нарачки во Скопјево? Или кажете ми од каде сте задоволни? Спојлер Барав во темата Роденденски торти , ама не најдов мислам.
Не сум сигурна за точното име на слаткарницата, но според мене најдобри торти прават во населбата Лисиче, во трговскиот, спроти аптеката (ама ти објаснив ). Можеш да им однесеш слика и одлични ги прават и по вкус. Ако си ги пробала тортите од верото тогаш знаеш (од кај нив ги носат)
Јас знам една... Кувертира. Задоволна сум, за 50 денари ти ја носат до дома. Само нас не' зезнаа, рековме до дома, они запишале дека ќе си ја земеме сами... И едвај го најдовме местото. Еве линк: http://www.kuvertira.com.mk/sajt/index.php
Која е процедурата за правење на веб-страна? Треба да се оди кај веб дизајнер и да се плати, дека знам дека јас лично неможам да направам веб-страна.
Ако знаеш ќе си ја направиш сама ако не ќе си платиш, инаку мислам дека се плаќа нешто за веб страна, а има и бесплатни, но тие не ти даваат многу можности, попрости се, додека овие што се плаќа веб просторот се поубави и со повеќе простор. Мислам така беше, да не грешам нека поправи некој.