Па не. Од едната страна си е материјал, долната страна е како гумирана. Ние ја користиме веќе 5 години. Се пере нормално во машина само не трпи сушара. Сега гледам ја нема таа што ја имам јас. Сега нудат прекривка со волна која треба да е одличен терморегулатор.
Овој јас што го имам искрено е мек горниот дел ама и се слуша шушкање. Не поти за потење, бар мене не ме поти ама е како погруб, подебел целосно земено.
Не можев да најдам свеж спанаќ, па си земав замрзнат. Сакам да го зготвам со ориз, стандардна манџа(не во рерна) течна. Како го готвите?
Не знам веќе каде останаа фото студија, пред некој ден прашував во џамбо, Ивама се вика студиото малите се 12 ден, големите20, ако земеш над 100 слики 10 со 18 ден Ако дознаеш нешто повеќе пиши
Ја си замрзнувам обавезно кога ќе видам свеж( и најчето од кам го купувам), овој замрџнатиот ми е премногу кашав и ми нема некој вкус. Инаку малку го обарувам и тргнувам на страна. Во тава пропржувам лукче, кромитче, откако ќе се спржи додавам сув домат и свеж морков( на тенки кругчиња сецкан) оставам да продинста. Ондак 2/3 шаки ориз( зависи колку густа сакаш да ти е чорбата) и ставам 4 /5чаши вода,( сакаш да има доволно за да не изврие брзо па да моеаш да топлиш вода и додаваш) оставам да се свари оризот малку па додавам спањаќ, ставам сол, бибер и буковка. Пред крај тавче малку зејтин лажица црвен пипер мешаш, земаш тавчето истураш у чорбата и оставаш 5-10 мин да се крчка. И Ондак кркаш со грчки како прилог
Значи сега со замрзнатиов да направам прво оризот да се свари па да го додадам спанаќот? Колку време да оставам да се вари спанаќот откако оризот е сварен? Јас со свеж подруго си готвам и сеа чудно ми е со смрзнатиов. Прво го чистев спанаќот, па сецкав па обарував, и после си правев ќе го пропржам со кромидче, па салце ставам и вода, и на крај ориз па запршка, сеа тотално се збунив со смрзнатиов
Абе ако е оној у коцки ептен ситно осецкан, не му треба многу, 10 минути? Но пробај па види, да не се направи каша …
Од фриком, во коцкички што е, таков..ајде ќе пробам утре па ќе ти кажам што биднало Фалаа сепак на помош
Во Памук пале има различни димензии. Јас земав за бебешко креветче и детски кревет. Имаат и за спална
Не се добива по автоматизам презимето од таткото. Може и од мајката презимето, може и сосема трето презиме, може и да си смислите кое сакате ново презиме буквално .
@Hisha или кој било друг да ми одговори, од кој јастук сте задоволни? Еве морам да земам се намачив а никако да прежалам пари да земам некој добар
дали некаде низ скопје по пекари,маркети има cinnamon buns? (си ги правам јас домашни ама некогаш ме мрзи особено сега на жешково)
Моиве се од комодита, убави јастуци има и не се нешто скапи( често праваат и промоции), имаш разни типови по тврди/меки, зависи на што сакаш да спиеш. Освен комодита и стружанка има убави јастуци..