Во секој случај мене ми следува иако не сум во добри односи со нив мислам дека кога ќе се руши самата општина ќе ме викне така.Зошто ако чекам од нив тешко дека ќе ми дадат
Не бе какво јавување нека почне да се руши и ќе отидам со адвокат нема потреба на нив да им се јавувам.Во секој случај ви благодарам на консултација немаат каде да бегаат мене ми следува ништо не ми можат
Дали вопшто продаваат во оптичка, марамчиња за бришење на очилата. Оригиналот, го изгубив. Дали продаваат оригинали?
Купив карти преку Визер за мене, мм и бебето. По препрочитување на нивниот сајт одлучив да купам адулт карта наместо да платам такс фи, а воедно и да земам транспортер за во авион зошто ќе ми треба за таму. На место на името ми сугерираше онлајн агент да пишам ИНФАНТ наместо име на бебето, другите податоци да ги внесам регулар и после да го сменам само името. Арно ама сега кога идам да променам име ми пресметува одредена сума да ја платам. Дали некој се соочил со ваков проблем и како да го решам? Пс: прв пат купувам преку визер карта и веројатно последен.
Нема врска кога е почината бабата, ако куќата е на нејзе, се води оставинска постапка за нејзиниот имот, законски се дели на нејзините деца- татко ти и тетка ти. Во тој момент може тетка ти да не се прифати за наследник ( имав таков случај во мојата фамилија) и целиот имот да оди на татко ти. Без разлика на тоа делот на татко ти се дели помеѓу Вас тројца ,но и тука може некој да не се прифати за наследник ( на пр, мајка ти не се прифаќа за наследник и делот го делите ти и брат ти ) Сега тука зборуваме конкретно за куќата, а може има и друг имот баба ти, постапката е иста. Конктерно кај мене имаше повеќе ниви, па меѓу себе се договорија децата кој која нива ќе ја земе ставиве на хартија , го дадовме на судијата и така постапи судијата по наша желба, сакам да кажам кај некој се фати 1/2, кај некој некој 1/3 ,бидејќи се одкажал од некоја нива.
Зависи дали ќе гледаш 2Д или 3Д проекција, исто така зависи од должината на филмот. Еве пример за Барби што ќе биде премиерата на 20 јули е 260 ден.
Сунѓерот на кој вежбам ми се уништи. А сакав да вежбам после, а неам во близина нешто кај шо можам да купам. А не можам на ламинат само да вежбам, од шо сум слаба ќе ми се напраат модрици. неам ни тепих во собата. Дајте некоја идеа да импровизирам. Ми текна на оние на плажа шо лежиме ,,чергите” ама мајка ми ми вика не биле испрани од коа беа на одмор. Ни ќебе неам старо. А немам вежбано со денови и ме фати инат сега