Каде можам да најдам покривки за аголна гарнитура во вид на черги? На страните на Jysk, Simpo, Feydom не гледам.. Не знам ни како да изгуглам за да добијам резултати, ми излегуваат предлози за навлаки или за целосни покривки на мебелот..
Ако мислиш на флекери за гарнитура, низ годиниве имам гледано во поголемите Веро и Рамстор. Можеби има и во Стружанка (ми имаат искачано слики).
Јас имам вакви како на линков ама купени ми се од веро. Презадоволна сум https://bond.mk/product-category/flekeri/
Каде во Охрид можам да купам мала торта за роденден без нарачка? Да ми предложите некоја слаткара што има готови торти.
колку мала? во чаршија имаш палма и дела роса, имаат торти на лагер ама не се баш мали...имаш во дела роса пола шнит ама мислам со порачка оди барем еден ден унапред..имаш и други слаткари низ чаршија ама немам искуство со нив едит:во слаткара гордана во лескоец имаш како парчиња торта/колач одат на парче, секогаш имаат на лагер, кога не ми треба традиционална торта купувам од таму
Па до 15 парчиња. А каде се поубави Палма или Дела роса? И ако имаш некој вкус да ми препорачаш би било супер, да не ја земам најлошата, обично не сакам многу чоколадни. Фала ти многу!!!
Дела роса има можеби и најубави торти во Охрид, таа пола шнит може е и 15 парчиња ама цените се доста солени...од таму нема лоша торта, ги имаш таму сите да ги видиш и да прочиташ што има во секоја
Со што можам да исчистам сребрен накит? Од стоење е како пожолтен И кај можам да најдам такви кутиички мали што ги даваат кога ќе купиш ланче, прстен или слично нешто?
Стави го во некоја тацничка ќашка било шо подлабоко, тури му сода и толпа вода одозгора. Остај го да постои малку у после или со крпче или со четче некое.
Има и во Тинекс во центар веднаш до Рамстор зедов пред некој месец и стварно беше многу убава толку отприлика 15парчиња
Здраво, сакам да прашам дали знаете некој добар судски преведувач англиски, од кој имате убаво искуство? Ми треба за поголем број документи. Ви благодарам.