Да не знае некој каде може да извадам осигурување за патување на одмор во близина низ Центар околу плоштад? да одам за време на пауза да завршам работа
Ако може контакт телефон, или каде да барам? Во сите можни гаражи околу центар а конкретно за тие што ги пишав ми треба сегде исти одговор дека немале картици повеќе, сите биле разпродадени
Можеш и онлајн преку Триглав, ништо комплицирано и многу брзо е: https://e-osiguruvanje.triglav.mk/patnicko-osiguruvanje
Извини може не ти објаснив убаво. Во Веро џамбо, ама на стојалиштето на средина на подвижните скали. Тука има штанд/продавница на Ла Ча (заедно со една на рефан и со уште една за балони). Од тука го купив. Да, дуќанот им е на бул. Св. Климент Охридски, меѓу други дуќани, мислам дека галерија за уметнички слики имаше до неа. Поблиску е до раскрсницата со Соборна, отприлика карши кафе-барот Вулкан (преку булевар од него). Еве ги имаат и за нарачка од нивната веб страна, ама не знам дали функционира. Гледам тука уште се по цена од 280 денари. Не знам дали не им е ажурирана само или се навистина поефтини. https://lasoy.com.mk/product-category/козметика/нега-на-тело/рол-они/
Обично матичните следат, ама можеш ако не те мрзи да проверуваш каде има слободни термини за сите установи на ниво на МК на страната мој термин. Еве линк: https://mojtermin.mk/map/specijalist Избери си специјалист, па град, па институција, па доктор и ќе ти даде распоред. Некогаш на овој начин гледам која смена ми е докторот што ми треба за наредната недела или до кога е во амбуланта.
Дали знаете случајно како можам да стигнам на погорно ниво од овие што се јавуваат од call centar-от на Сервис Македонија? Или дали би можела да го искажам моето незадоволство во државен пазарен инспекторат или негде на друго место? Customer care е дно дна…и разбирам зошто е така, само они и Video Data се единствени главни сервисери на 90% од марките кои продаваат бела техника и извинете ми на речникот цевката ги заболе дали има незадоволни потрошувачи. Да ви раскажам на кратко, проблем пријавив повеќе од месец дена, ми рекоа дека за 10тина дена ќе дојде дијагностичар и еве уште доаѓа. Им се јавив 3 пати во последниве недела дена и се ме лажат дека ќе ми се прејават да ми кажат што е работата и нормално не ми се прејавуваат…На гугл ревју гледам дека има доста незадоволни луѓе…Срамота е како официјални сервисери да го прават ова, треба да им се земе лиценцата. Барем да ми кажеа дека ништо неможат да направат да си барам друго чаре…
Здраво, не знам дали ми е соодветно ова на темата, но не можев да најдам нешто слично, ќе може да ми пише пп некој што има завршено средно медицинско (забен техничар) да го прашам нешто за дневникот за пракса??
Дали некој знае во која книжара во Скопје може да се најде трилогијата “Спас, 1-2-3” од Исидора Бјелица? На овие по ул.Македонија нема