Сите кои бевте кај трудно дрво кај богородица после Никита што е , ве молам кажете ми водата што ја миете на сабајле 10 дена на 10тиот ден треба да се истури вода во цвеќе или на 11тиот ден?
Итно, дали некој знае страна каде можам да гледам тенис бесплатно, конкретно Џокович и Миралес сега што ќе играат за 20тина минути?
Дали ако пропуштите лекарски преглед со мој термин може во наредните 7 дена да отидете со истиот упат да ги замолите да ве пуштат? Ова еднаш ми кажа матичната дека можело, ама да не акам до таму ако не може... За ЕЕГ ми е, чекав месец дена и се мислев дека е утре закажано, тоа денес било..
Убаво пиша да ги замолиш да те пуштат, па да се надеваш на нивна добра воља… стига порака на моб неколку дена пред терминот за потсетување
Види уште еднаш со матичната договорете може се ослободило во меѓувреме за поскоро термин, и мене исто вака матичната за очен преглед закажа за наредни 2 недели ама ми вика појди порано замоли ги ќе извршат преглед… таму не сакаа да слушнат
Не може за жал матична мислам директно да ми закаже за ЕЕГ. Неврологот ми закажа со интерклинички упат, во истата болница и одвај најде термин за месец дена...
Дали ако не ти се ажурирани податоците на сметка во Стопанска банка (а се истите документи кои веќе фигурираат таму) и немаш активна картичка за на банкомат, можат од сметка на СТБ на твоја сметка да ти пратат пари?
Не сум сигурна каде да се обрстам за следниов проблем. Живеам во многу мирна улица со куќи во централно подрачје на Скопје. Пред неколку години првиот комшија кој е со психички проблеми остана сирак (30+) и во неговата барака се доселија тетин му, тетка му, братучедот со жената и малото дете. Луѓето се крсјно неподносливи. 24/7 се во двор со пуштена музика со гости со мали деца кои трчаат по улица и се дерат. Не сум намќор и обожавам деца ама верувајте ова е неподносливо. И за време на одмор прегласно зборуваат, децата никој не ги рецка. Каде да се обратам, дали воопшто имам некоја заштита како граѓанин или да трпам? Не може прозор од куќа летно време да се отвори, буквално СЕКОЈ ден ЦЕЛ ден се надвор и се прегласни.
Не приметив, ставив пудра на лице со поминат рок, не приметив некоја разлика вака на лицето па ни пудрата не ми беше нешто чудна, сега се измив,па ми е страв малце дали може нешто да ми се случи со лицето?