Има ли некоја тема околу авионски карти и лет со авион ? Сакам да прашам некои работи, но не знам каде, прв пат треба да закажам лет па скоро ништо не ми е јасно.
На филолошки има, се пријавуваш, се полага писмено и се добива сертификат. Не знам како би зела личноста барем а1 ниво, ако не го знае англискиот. 52,53,62 поминуваат низ Петровец. Ти одговорија претходно, ама не си прочитала. Ако не знаеш кој лета до дестинацијата каде што сакаш да одиш, отвори страната на скопски аеродром и види дали има летови и кој е превозник, после ќе си бараш карти на соодветниот сајт, најчесто се Wizzair.
Има ли некој познавање од WordPress? Ми треба помош, не можам да го верифициран меилот затоа што место со точка ми стои како да сум го пишала со тире и не ми испраќа меил за да потврдам дека е мој и не можам да го сменам, а веќе имам готова страна од тој профил
Кажи ми како помина на сликање? имаа доказ дека имаш платено или носеше нешто? и барање пополна ново таму или го симна тоа од страната..јас закажав преку странава за лична карта и си платив се, го спуштив барањето што го има на странава го потпишав ама шо ги знам тие таму дали имаат доказ дека иам платено или ќе треба да носам, да не ми прават проблем, знаеме како се терсене во МВР кај нас...и уште некој ако има искуство со закажување преку странава а веќе бил на сликање ве молам да сподели
Јас обично закажувам само преку страната, за барањето исто а за плаќање таму секогаш плаќам со картичка
Абе ми бараше вчера да платам не видов опција да го скокнам плаќањето и си платив со картичка онлајн, па сега не знам тие дали ќе имаат увид дека мене ми е платено или треба да носам извод од банка или што и да било
Сеа викаат дека у Скопје за у мај тек имало слободно Шо да праиме? Као може толку гужва да има не сфаќам. Цела Македонија ли се слика у Ск
Ќе си закажеш со време, можно е зашо да не е, на 15 авг закажав за 8 фев… по редовна секако, за брза можеби има порано …
Намерно ги закажуваат така за да одиш по брза постапка и да дадеш 6000. За брза постапка за утредента те викаат, задутре готов ти е веќе. Не знам што направија само со таа одлуката да се направат пунктови за да се растерети малку
Абе во феминава има ли некој маж, по могучност и жена, шо е мајстор или се разбира од бојлер за парно и парно? Или сите се ИТ?