Во државна болница, ако пациентот го води еден доктор и е сеуште на болничко лекување, како се бара второ мислење? Дали е вреди да се бара во истата болница или да се бара во друга?
Од outlet bag дали некој има порачувано ташни да сподели искуство? Убави модели има, само не знам како се со цени и квалитет?
Во сите болници тешко се добива второ мислење, докторите се поврзани еден со друг и се оградуваат и те враќаат кај првичниот доктор, бар моето искуство такво беше. Се додека не ми пукна филмот и на една докторка и лупнав на маса и реков што ќе изгубиш ако ја погледнеш ренген снимката и да ми кажеш мислење, и дека не сум дојдена да се гледаме колку сме убави туку од мака дремам по ходници и чекам преглед. Пробај кај друг доктор со преоритетен упат, може ќе имаш среќа
Од каде информацијава дека зоолошката нема да работи утре? Зоолошката работи 365 дена у годината. И други државни празници имало, па работела.
Девојки дали знаете некоја кројачка/шивачка што добро работи во околината на Кисела Вода? Имам два пара панталони за кратење, ќе им помине сезоната за носење...
Единствено нешто што би можела да ти помогнам од искуство е да одиш со тракинг бројот и сама да си видиш до каде ти е и да си го бараш. Јас така си го ставам тракинг бројот (најчесто порачувам од али експрес) и потоа на posta.mk следам до каде ми е пратката и ако видиш дека е стасана во поштата со тракинг бројот можеш само да одиш и да ја подигнеш, без да го чекаш поштарот.
Дечки дали има некој од тука што работи во УЈП, да ми пише да го прашам нешто? Ептен ептен е итно би ви била благодарна.