На фб имаат страни но не би ти препорачала бидејќи се премногу арогантни и секогаш кога некој ќе пријави животно - скитник, тие одговраат дека наместо да пишуваат да одат и тие да се погрижат за животното. Крајно се безобразни и понекогаш (можеби лошо изгледа но така е) невоспитани! Еве ги имињата: „SPAS ZA ZIVOTNITE - zdruzenie za vdomuvanje na zivotni“ и „Anima Mundi - здружение за заштита на животни“
Порано мислам имаше и отворени телефонски линии за пријавување. А како мислат они јас да се погрижам за кучињата кога цела насеба се жали од нив. Не може мајка со дете или недај боже со количка да си помине по тротоар. Само пискање од жени и плачење од деца слушам кога ќе им се пуштат кучињава. Пред некој ден и се пуштија на една жена што си носеше торбица во 8 саат сабајле. Сиротата почна да плаче и ќе се онесвестеше од страв. И сега од здруженијава очекуваат да одиме и да се грижиме за кучињата?
Ако е таква работата (не знам од кој град си) но за Скопје треба да има број по интернет од Вардариште. Таму ги носат животните (најчесто кучиња) скитници и после неколку дена им извршуваат еутаназија (за жал не само на агресивнита туку на сите). И сосема си во право, но оди докажи им ако немаш попаметна работа. Само времето ќе си го изгубиш.
Дали некој бил во продавница Мега фешн во Куманово и дали навистина има од гардеробата што е на попуст и дали се тоа нормални големини или xxs а за кондури бр.34 ?
Имам very big problem имам слика која е матна( не е многу ама пак не се чита ништо) постои ли страна на нет за да ја осчитам мислам да можам да прочитам? Пре пре пре пре хитно ми е за утре ве молам.
Имам дома чаеви од Билна аптека купени уште лани , што значи цела година се отворени . Може ли да им е изгубено дејството? Или нема врска? Инаку чаевите се невен, ајдучка трева, и кантарион..
Camwow retro е апликација за дотерување на слики со ефекти слични на ефектите кај Инстаграм. Не е ништо посебно може да се симне од Андроид Маркет,за Ови Маркетот не сум сигурна. Обично преовладуват vintage ефекти. А во врска со користењето на апликацијава, одкога се симнува, има мени со ефекти и се бира кој ефект го сакаш за сликата.Просто и едноставно
Каде да си купам корпа за точак? Јас би сакала да е дрвена ама може и метална. И да не е изгор скапа.
Онлајн страница за гледање спорт ? Ме напна татко ми за фудбалот. Да не му кршам атер, јака утакмица било. Ако знаете брзнете. http://www.lshunter.com не ми отвора нешто.
Тоа се билки. Тие се секако оставени да отстојат до стадиум на сушење за да можат да се сместат во кесичка со цел нивно полесно користење и подолг рок. Сума сумарум ( ) немаш проблем да ги користиш. Ако стоеле отворени (со отворен капак) можеби им е изгубена аромата но не и дејството