Ако е QR код не треба да оди во банка, туку треба да се најави на интернет банка (на персонален компјутер или со друг мобилен телефон) и во мои уреди да го активира телефонот со скенирање на QR кодот (ова за Комерцијална банка А.Д. Скопје, за другите банки не знам како е ).
Во Просветно дело до гимназијата Јосип Броз Тито, вчера купив 20 бели, 2 денари е едно бело обично долгнавесто плико. Имаат плика и со прозорче. Имаше многу, цел топ. Не знам колку ти требаат.
Дали некој памти лани за блек фрајдеј колку попуст имаше во академска книга и дали на сите наслови или нешто ситно? Конкретно за стручната литература ме интересира.
На нивната страна пишува до 30% дека имало попуст, но не објавуваат каталози тие. Извини што вака се умешувам без точна информација, но можеби ќе ти помогне.
Брзо ги зимаш ама тешко ги вражаш. Има тема за брзи кредите, побарај ја. Не ти препорачувам доколку не си вработена да влегуваш во тоа .
Каде можам да најдам дресови на играчи од ливерпул и арсенал по продавници? не мора оригинал да се ама ми требаат за скоро па не можам да чекам нарачки од интернет
Можеш да побараш на зелен пазар. Јас од таму му купив дрес на помалиот. А во Фан шоп истиот дрес беше 250 денари поскап.
Дали знаете некој или сте аплицирале за животно осигурување ако пред неколку години сте имале рак? Прв стадиум поточно и дали ви го одобриле осигурувањето?
Луѓе, дали некој досега правел покана за престој на странец во Македонија како гостин да ми кажи како точно оди процедурата?