Здраво на сите! Знае ли некој дали може да се помине граница со лична карта (Србија) додека НОВА ти е во процес на изработка? Не знам, да не им стои некако во систем, па да не ме вратат на граница. Фала многу на одговор!
Старата ти има важност до денот на истек или додека не ја добиеш новата. Доколку старата ти има важешки рок, тогаш можеш да поминеш граница. Кога ќе одиш по новата лична карта, треба да ја приложиш и старата и тогаш ќе ја поништат.
Јас бев предходниот викенд. Да напоменам Белград е преееескап, ја се шокирав.. Инаку ние бевме на Кнез Михаилова, Калемегдан, на Сава и Дунав, оти бевме само два дена. За ноќен живот барчињата кај Цетинска имаат преубава атмосфера и музика. За кафана ја препорачувам "Djerdan", во поубава кафана со поубава храна до сега не сум била 10000/10 и не поминавме скапо а се прејадовме, имаат плескавица од 950 грама што беше превкусна. Само ако одите обавезно предходно резервација. https://www.restorandjerdan.rs/
Некој што бил во Швајцарија или Франција да ми каже каде можам да купам картичка за интернет? Може и онлајн.
Sakam da dadam otkaz na rabota,dogovorot mi e istecen na 30.11 i novio dogovor ne mi e potpisan.Im kazav sakam otkaz rekoa 15 dena treba da rabotam,ima li nesto drugo da se napravi da ne rabotam 15 dena? Koj znae neka pise itno e
Ако ти е ептен битно да прекинеш сега со работа, можеш само да одбиеш да го потпишеш договорот. Претпоставувам дека секој месец потпишуваш договор на определено, со рок од 1 месец. Сепак со постапката може да се изремети редот на работата на работното место каде што си/си била вработена, па работодавецот кога ќе те одјавува може да ти даде негативен рејтинг во аврм со што би ти се одразило на следни вработувања. Јас не би ти препорачала, бев во идентична ситуација, тоа што направив јас тоа што им најавив дека остатокот од одморот (некои 10 дена) ќе го користам на крајот од месецот, кога ми одобрија земав боледување и така ми пројде еден месец. Можеби 4-5 дена вкупно работев од последниот месец.