И мене ми звонеле неколку пати тоа време. И сум приметила не идат со службена кола туку со приватна, што значи надвор од работно време си доставуваат. Не е во ред секако, се знае кога се очекува пратка, плус цел ден го губиш чекајќи го.
Дали некој купувал курсеви на Групер? Што е поентата што се толку ефтини? Претпоставувам не го добиваш баш баш курсот ама.. дали се исплати?
Dali nekoj ima informacija kako se trguva od makedonija na svetskite berzi ili ako nekoj ima sto veke e upaten vo toa? Pisete mi vo lp so bilo kakvo info
Не гледам зашто не би било во ред. И тие имаат втора смена. Пред 22 часот е нормално време да се јавиш на телефон.
Па 1500ден не ми е баш нормална цена за планер посебно па од мал бизнис, нарачав од Преплет 450ден е повеќе од нормална цена и ете подржав мал бизнис
Здраво! Мислењево го најдов 2012 и прашањето ми е дали уште важи истово? Треба да си минимум 6 мес вработена и осигурана за да ти следува породилно боледување. Породилно боледување се плаќа 100% од Фондот значи колку ти била платата (плата што легнува на трансакциска сметка) толку и ќе ти биде надоместокот. Породилно боледување трае 9 месеци. Обично го земаат кога ќе влезат во 9-ти месец бремените жени. Документи од гинеколог, извод од бебе, копија од последни 12 мес МПИН, рекапитулации, изводи дека се пуштени платите (сите овие ги спрема сме-во во фирмата), документи од Фондот, копија од трансакциска сметка, лична карта...се носат во ФЗО - во подрачна каде што припаѓаш т.е земаш плави картони. Додека си на породилно работодавецот не смее да те отпушти а и нема никаква корист затоа што придонеси и плата земаш од фондот. П.С Јас имам потпишано договор во август на 1 година и во август треба да го обновам пак. И терминот за пораѓање ми е 9ти август Би важело така?
Јас купив еден курс за германски јазик. Ако не се лажам околу 600 денари беше. Конкретно мојот ,,курс" беше пропадната инвестиција. Некоја платформа кадешто сам си учиш решавајќи различни вежби, претежно преведување англиско-германски и обратно. Се случуваше реченицата да е целосно точна, но ако не ставиш запирка или точна да ја земе за грешна и да ти ги намали поените. Еднаш се најавив и толку беше. Не знам како е со другите курсеви, но претпоставувам нешто слично. Знам дека сите се самостојно учење, а за тоа можеш да најдеш и бесплатно на интернет. И курсевите не се на македонски, туку на англиски јазик. Што е финтата со толку голем попуст не знам, но првичните цени се далеку од реални. 20 илјади денари курс намален на 600 денари... Првата цина е очигледно лупната од ракав. За кој јазик разгледуваше? Ако е за германски, тогаш може да ти пратам некои материјали или да ти предложам некои страни на интернет.
Најблиску ти е со 5ка, со тоа што ќе треба кај веро/хомакс да се симнеш и да одиш пешки до авицена, блиску е, таа е одма позади верото.
Дали некаде има божиќни честитки од оние како на времето во школо што си дававме ? И од оние што се отвараат што пејат внатре
Не е воопшто во ред. Како тоа пред 22 часот е нормално да се јавиш? До 20 часот се јавувам кој и да ми ѕвони, после само ако е итно (кога ми ѕвонат блиски) . Карго службите најчесто до 5 работат. Каква дрскост е тоа во ниедно време да доставува?
Добро е што се јавуваат. Овде директно иде пред зграда/куќа и ти ѕвони. Ама често ѕвонат кај што не треба. Не очекуваш пакет и да те замара некој не е во ред. Нека ѕвонат кај што треба. Коса ми се крева кога ќе го слушнам ѕвончето. Ние некој малер сме.