Јас мислам дека според бон тон 22 часот е границата. После тоа (а и во било кое време), ако ти е касно можеш да не кренеш или да кажеш дека не можеш да земеш пратка и да се договориш за друго време. Секако ние нема да им го диктираме работното време. И моловите работат до 22. Вас лично ако ви е касно, тоа не мора да е правило за сите.
А па колку ме иритираат оние што не знаат каде да дојдат, па морам да го објаснувам патот. Аман пушти си GPRS, не е моја работа да те водам телефонски. Неписмени.
Имав таква случка во Мк. Маж ми порачал нешто и ми вика денес ќе стигне. Ми се јавува и ми вика за 5 минути ќе дојде дечкото. Му реков да дојде пред влез. Јас се симнав одма. Чекам, чекам. Поминаа 10 минути. Му се јавувам на маж ми и му викам - Овој го нема. Пак ми ѕвони маж ми и ми вика - Овој отишол позади зграда. Нормално, отидов таму. Појма немаат. Да не знае кај да застане на главна улица. Овде во зградава се 3 стана. Најчесто ѕвонат само кај нас. А ние сме најгоре. Почнав да не им отварам. Претераа. Последниот пат кога отворив тој се качи до пред врата. Ми вика - Земете го пакетов. Јас му реков - Не го земам затоа што не е за мене. Се научиле пратките да ги оставаат кај кој стигнат. Не е во ред.
Карго експрес во СК ми ѕвони и ми вика - Ало, карго експрес е, пред зграда сум симнете се.. Мислам хелоооу може по леб сум отишла крај краева.. Брза пратка иста песна. Тука пак се јавуваат и ми викаат -Ало од ХУ карго сум, јас сум пред кит го, дојди земи си ја пратката. Ајде бе, за платена до врата јас ли да доаѓам? Според бон тон може да ме вознемирува до 20 часот. Тоа што моловите работат до 22 часот, не значи дека сите одат во мол во 22ч. Тоа е по избор. Плус тоа ниедно карго не работи до 22 часот. Мислам сериозни сте? Се читате што пишувате? Оправдувате карго доставувачи што за да завршат побрзо наредниот ден и да си бркаат свои работи, претходниот ден со приватни возила доставуваат во 22часот...! Ниедно карго не работи после 7, најчесто до 5 или 6 работат.
Случајно прочитав денес. Се отвора утре, петок. https://grid.mk/c/1J03Z4wBXwOHaKjiC...-se-otvora-lizgalishteto-vo-„boris-trajkovski
Тоа што го пишува на гугл можеби не се апдејтирани податоци. Како и да е, прекувремена работа е нешто сосема нормално и регулирано со закон. За моловите пишав како пример дека тоа што за тебе е ниедно време (20:30 - 21:00 часот), за некого е нормално работно време.
Лошо те сфатив, помислив дека за јазичен курс се работи. Ама да, сега ми текна дека има различни курсеви на Групер.
Најчесто ми носеа пратки од Пост Експрес. Добивав известување на Вибер до каде е пратката. Нормално, знаев како да се организирам. Порачав торта. Им кажав во слаткарата кое време да ја достават. Ми се јавува еден од нивните доставувачи и ми вика - За 5 минути ќе бидам кај вас. Каде да дојдам? Јас му кажувам каде. Го чекам и го чекам. Овој го нема. Ми ѕвони и ме прашува - Каде сте? Ве чекам. Јас му викам - А вие каде сте? И он ми одговара. Отидов таму и он нервозен - Зошто не дојдовте навреме? Јас му викам - Па јас не ви кажав таму да дојдете. Идиот. Овде кога нарачуваш има опција да ти ја достават пратката дома, да ја остават во база или во некоја од продавниците. А на моите комшии пратките секогаш им стигаат дома. Ама проблемот е што јас се малтретирам. Ѕвонат како да спијат на ѕвончето. Најчесто ги оставаат пратките во влез. Ако не им отвори никој, ги оставаат пред зграда. Ако ме начекаат пред зграда одма ме масираат. Баш денес тргнав до продавница. Само што излегов од влез, во дворот влезе доставувачот. И ми вика - Да ја земете праткава. Јас му реков - Не. Ништо не земам. Претераа веќе. Не сум слуга на комшиите. А ние само еднаш имавме пратка и комшиката под мене не сакаше да ја прими. А јас пред тоа сите пратки ги примав. И му реков на мојов од сега нека оставаат пратки во продавница. Е па.. Ми дојде преку глава. На доставувачите им е битно побрзо да си отидат дома.
https://www.facebook.com/oven.tekstil?mibextid=ZbWKwL @krofnicka27 во бутик Ив Лептокарија. Лани имаше слични, сега не знам, види.
Ме интересира за оние персонализирани благи што пишува пример причини зошто те сакам на благцата и слично. Повеќето страни што ги знам се со порачување и носење до дома, а така не сакам. Има ли некаде такво благо да се купи, без да се порачува?
Каде можам да најдам солзавец (пепер спреј) џебен примерок? Пошто тој што го имам ко дезодоранс ми е не е воопшто практичен за самоодбрана.
Добар ден, Ве молам ако знаете да ми кажете кој печати на стакло во Скопје? Ми треба печатење на стаклена тегла за подарок. Прашав на неколку места (printing.mk, во Jumbo на прв кат, trodat итн...) каде што печатат на порцелански шолји, но не најдов некој што печати на стакло.
Побарај ги овие https://www.facebook.com/EngravingMK?mibextid=ZbWKwL https://www.facebook.com/bimscreenprint?mibextid=ZbWKwL https://www.facebook.com/slikanastaklo?mibextid=ZbWKwL