Од Полициска станица Бит Пазар спроти уличката каде што е Атлантик само право од лева страна ќе видиш тезги има за к'на за чејз продаваат и тука влегуваш тоа е Женски пазар.А сега ако идеш од Бит Пазар Зегин Аптека пред Чаршија тогаш исто само право по уличката ќе одиш кај тезгите ќе ѓи поминеш дуќанчињата од десна страна ти е влезот во Женски Пазар спроти Албански театар.Има и уште еден влез од друга страна кај Амбулантата пред надвожњакот што е до џамијата тука има една како слаткара и низ скали се симнуваш.Е сега бирај од кај ти е полесно .
Имам штикли порачано онлајн е сега се еден број поголеми од што носам. Не сакав да ги враќам, а и немав време искрено. Сеедно, дали имате некој совет како да ги носам, а да не ми клапаат? Салонка е во прашање.
Со влошки да ги пробаш. Јас имам купувано од Биана, ама има во повеќето продавници каде што се продаваат кондури.
Здраво, сакам да порачам каиш, не знам како да определам големина која бројка, конкретно од Мона сакам?
Фискалната сметка до колку дена може да се скенира? еве пример купив нешто во петокот, до кога може да важи фискалната? 7 дена или ?
Имаш посебни влошки, лепенки. Се лепат само на задниот дел од салонката. Јас моите ги земав од алиекспрес, би требало сигурно и кај нас да има по пазарите или дм Спојлер: Лепенки
Каде може да нарачам од тие врамените слики на ѕвездите како биле во сооднос на вечерта и времето кога си бил роден? Паметам некој ги правеше ама заборавив.
Здраво на сите,каде можам да најдам од овие тегли за една употреба (200/250ml), пластифицирани и исто од овие 250-300мл?
За тие првите имам слични видено во ДМ, cosmos, Jumbo и на пазар, но мислам дека се такви што прскаат. Но во секој случај би требало да има и такви исти како што бараш. А за втората слика би требало да има во Jumbo или пак на бит пазар.
Во однос на финансирањето студенти кои нр живеат на местото каде што студираат, каков доказ треба да се поднесе за цената на месечниот билет???
Ве молам дајте ми предлог што да купам за колега од работа за secret santa..Не го познавам колегата, затоа немам никаква идеја.. Сакам да е нешто интересно новогодишно, каде има такви работи?
Ќе измериш некој стар или одприлика струкот над облека , на пример 90 , 100, 105, тоа се одприлика женските димензии, има и поголеми 110, 115 Штом не го познаваш, нешто како шоља за кафе, ракавици , чорапи, украс новогодишен.