Девојки, би сакала да ве прашам дали некој знае што означуваат боите на прстен на расположението, знаете оној кој во зависност од расположението на тој што го носи ги менува боите? На пример, зелена, сина и слично. Фала однапред!
црна-стрес црвена-нервоза жолта-вознемирен зелена-активност светло плава-опуштено плава-заљубен,симпатичен... темно плава или тегет-романтично
девојки ај кажете ми како можам да блокирам некоја страница пример јутуб и да не може никој да влегува или ако може со пасворд... ама да не може да се влегува
каде да најдам нејодизирана морска сол? во аптека ми даваат за готвење, дали е таа? и што е разликата мегу јодизирана и нејодизирана морска сол?? П.С. Ми треба за надворешна употреба а не за јадење.
каде можам да ги најдам оние знаците што се појавуваат пред да почне филм на тв што означуваат од колку години смее да се гледа тој филм? ме разбирате на кои знаци мислам нели?
marizza18 јодираната сол е далеку подобра од нејодираната. Јодот има многу лековити дејства и помага при зголемување имунитет, забрзување метаболизаљм, подобрување на здравје и од неа може да има уште многу придобивки. Се добива од солените води - морињата кои содржат јод. Готварската сол ја има и како нејодирана и јодирана. Си пишува во составот на секоја со какво потекло е. Можеш да ја најдеш во обичен маркет.
За електронското здравство за замена на книшките со картици. Каква е процедурата, кај треба да се оди некој да ми каже?
Каде можам да најдам освежувач за гардеробер за алишта? Не од тие за молци, за само убаво да мирисаат алиштата.
Епа кога сте ја отклучиле темата да ми го префрлевте овде прашањето наместо да го бришите Дали има некој начин да избришам печат од некаде од документ на пример што е по грешка удрен сакам да знам. Да се отстрани некако .
Трева да отидеш во соцјално и треба да си купиш еден образец да го пополниш и да уплатиш во банка околе 100 и неколку денари и тоа е се слично како за лична карта кога се поднесува отиди во некоја книжара и кажи ми треба образец за електронска здраствена книшка однеси го во социјалното пополни го и потоа ке отидеш во бака ке си уплатиш и мислам тоа е се
Фала многу. А кај матичниот лекар треба да се отиде, таму некоја процедура има? Зашто кнап сум со време, да не треба уште и таму да одам.