Дали Кроација Животно осигурување имаат и други канцеларии низ Скопје или морам да одам до главната зграда?
Како изгледа пасош на Република Северна Македонија? Затоа што ја го извадив септември 2020, и само на печатот пишува овој пасош е сопственост на република Северна Македонија а на самиот пасош пишува Република Македонија, како да знам дали ми е од новите???
Каде има убав хот дог со "оригинално" лепче? Да не биде варијанта на хот дог во несоодветно лепче, туку баш американски? Или каде има убави "оригинални"лепчиња за хот дог, американски ама да не удираат на американскиот благ вкус?
Здраво, дали некој има видено вакви чаши кај нас? Пред околу година дена можеби ми се појави во спонзорирано на facebook од некоја книжара но неможам да се сетам на името..
Луѓе каде во Скопје може да се печатат книги по нарачка, ама се работи за илустрирани детски книги, значи треба да е во боја, со тврда корица и убава хартија. Не ми треба да печатам во многу примероци оти секоја книга ќе биде индивидуална и се надевам би печатела тековно ама по еден примерок. Се убив од барање имформации на нет и не најдов ништо такво. Некој да не знае или да има искуство со истово?
Неможам да најдам соодветна тема, па ајде тука да прашам. Дали може да се извади сторно сметка после неколку дена од кога е издадена фискалната?
Дали на некој му има стигнато чудна смс порака што гласи: здраво, мило ми е што те запознав и доле линк кој претпоставувам е вирус. Бројот не ми го дава од каде е пратена пораката. Ме плаши ова од каде баш на мојот број е пратено
Се шират овакви пораки во последно време, секакви скамови. Изгледа се протечени податоците за телефонски броеви од некаде, нема друго.
Здраво Феминки, купив машина за перење алишта на самсунг и ми кажаа дека требало да се регистрирам на официјална страна на самсунг за мк, е сега гледам ми бараат да направам профил, слики од фискална модели, коментари и сл,... како точна оди цела процедура... јас веќе оставив рецензија но изгледа не ми одобрена уште бидејќи не ми ни стаса на меил, за да се зачленам моделот на машинава не ми го пронаоѓа ,,, хелп