Кога најрано наутро може да се оди на ехо во 8ми Септември? Имам 7дневен приоритетен, ама не знам кога е најпаметно да отидам.
Луѓе вчера купив јунешки бут и го ставив во маринада (не следев рецепт сама ставив што ми дојде: чаша вода, филџан киселина, крупна сол, ловорови лисја,бибер и мајчина душица,и немсв обично вино имав отворено тоа што е со златни ливчиња внатре па за да не отворам друго ставив од тоа пола чаша) ама денеска ми испадна да не го правам,дали може вака да стои во фрижидер до утре или морам денес да го готвам?
Проба во најобична печатница/копирница? Штом печатат и укоричуваат дипломски, магистерски, сигурно ќе можат и книги.
Да, имам. Само ако сакаш да изгледа навистина како книга од книжара, тогаш тоа ќе мора да го правиш во сериозна печатница каде што имаат соодветни професионални машини а тоа соодветно и ќе чини - минимум неколку стотици, а ништо чудно и илјадници евра. Работата е што при изработка на сето тоа има многу ангажман и отпаден материјал а кој тие мораат да го наплатат бидејќи не може истиот повторно да се употреби. Од тие причини нив им се исплати повеќе да пуштат тираж минимум 200-300 примерока. Имаше дури и печатници под 500 примерока не ти праат муабет. Правилото при тоа е колку поголем тираж се печати, дотолку поединечниот примерок ќе биде поефтин иако вкупната цена ќе биде повисока. На пр. хипотетички за 100 примерока, еден примерок ќе чини да речеме 100 денари, а за 1000 примерока, еден примерок ќе чини 40-50 денари. Секако, ти сите примероци ќе треба да ги платиш на крај. Доколку им речеш отпечатете ми 2-3 примерока, тогаш 99% веројатност дека нема да се нафатат или ќе мораат да ти наплатат астрономска сума (можеби неколку стотици евра за тие 2-3 примерока) за да им се исплати целата работа и потрошениот материјал и струја. На цената покрај бројот на страници (најчесто тоа е најмалиот фактор), влијаат: - димензиите т.е. форматот (А4, А5... или е нестандарден формат = поскап) - па каков тип на хартија (рото/за весници, офсетна=повеќето книги, кунстдрук=повеќето сликовници, илустр. енциклопедии, тоалетна...) и колку грамска е истата (70гр.80гр.100гр. и тн.) - дали е печатењето еднобојно (на пр. црно на бело, може и зелено на жолта хартија небитно, битно дека само една боја се употребила) или е полн колор (што е всушност 4 бојно печатење само тие бои се мешаат па се добива колор), - дали кориците на книгата се пластифицирани (ако не е, бојата брзо ќе се излиже при често допирање) - па дали има златен отисок - вдлабени или испапчени букви со блескава златна односно сребрена фолија на кориците (обично кај луксузни изданија со тврд повез, но и пасоши на пр.). Тогаш цената прилично рипа, не поради бојата, туку голем дел од фолијата се фрла откако ќе се исечат буквите, - дали се страниците хевтани, лепени (најевтино, ама ако не е убаво лепена, страниците при второто или третото отворање можно е да почнат да отпаѓаат.) или е шиена книгата (па еднобоен, двобоен, тробоен конец) - дали е тврд повез (тврди корици како велиш) или мек, тврдиот исто ја крева цената. - тираж Освен тоа, книгата во печатиница треба да се однесе со средена компјутерска тнр. подготовка за печат (прелом - на која стр. што ќе има) направена во соодветен софтвер (на пр. Page Maker) испринтана на паус (ако е печатењето еднобојно) или термо-фолија или тнр. филм (особено битно за колор слики - при што секоја боја се печати на засебен филм). Ако тоа го немаш направено, тогаш најчесто може да го направи самата печатница но додатно ќе се наплати, зависно од обемот на работата, цените можат да одат и по неколку стотици евра плус.
Ова се супер инфо ама ти сепак ми збориш за ептен профи бизнис. Во Лондон ми печатеа примерок и ни приближно не беше 1000ци евра, мислам дека не збориме за ист тип на печатење, плус вакви детски книги ги има и во МК а и во странство и ни приближно цената на изработка не е соодветна за да коштаат 100ци евра. Како и да е веќе најдов добра печатница, девојче кое изработува и самото книги и принтови ми ја препорача и супер цени имаат, останува да се договориме
Затоа што рече тврди корици, колор илустрации и квалитетна хартија. Тоа тогаш не е класична печатница, туку како што велиш принтови, значи за дипломски и сл. Тие се погодни за печатење книги со меки корици,мали тиражи, стрипови, брошури... Баш ме интересира као ќе излгеда финалниот продукт. Ако сакаш, постирај слика кога ќе ги земеш примероците.
Па тврда корица ќе биде и меки листови(најверојатно) ама ќе се договориме. Не знам уште финално оти ова ми е нов бизнис и уште е у разработка, ќе постирам секако, ќе се промовирам и тука вајда. Фала ти.
Печатницата работи само со блиски луѓе за вакви нарачки, инаку на големо работи само. На татко на кумашинци е, не би работеле со луѓе пто не ги знаат лично за вака мали работи. Ама у контакт сум и со една скопска за ваква работа па ако одговорат дека можат ќе ти ја пишам. Извини што толку инфо можам да дадам за сега.
Дали наградната игра на Нептун е официјално завршена? Прашувам зошто гледам дека сите награди освен главната се доделени: https://www.neptun.mk/pocetna/vesti/ns-newsarticle-nagradna-igra.nspx
На сите, само треба да укуцаш стотки, на пр. 400 денари. Ако укуцаш на пр. 500 ќе ти извади цела 500-ка, така се наместени банкоматите. (Ама ова верувам веќе го знаеш). Некои банкомати знаат некогаш да ти речат дека мора да укуцаш минимум 500, ама тоа е само во моментот (значи само во моментот нема 100-ки ама секоја вечер ги дополнуваат).
Приоритетен упат е да чекаш да завршат другите. Па ќе си дојдеш на ред. Маж ми одеше на преглед на Клиника со таков упат и му рекоа да чека. Ако евентуално има место ќе го пуштат. Среќа што некој откажал термин па он влегол.
Знам, ама мене скорз ме откачи, не примала со приоритетни, да сум си нашла термин. А ја чекав 2 ипол саати да се појави.