Извод на родени мора ли од градот од каде сме родени да се вади? Ако е во Ск мора од Ск, а не во општината каде живееме? Заборавив како беше, знам пред 10 тина години мораше таму каде сме родени, сега исто ли е сеуште?
Мора да те прими. Не смеат да те откачат. Матичниот му рече на маж ми - Ако не сакаат да те примат, да ми се јавиш. Среќа што немаше проблем. Ова беше на Неврохирургија. Не дека не примаат, туку така им одговара. Безобразни се.
Здраво, имам 2 прашања. Прво:дали темните фармерки и после неколку перења ви пуштаат боја? Денес носев едни првпат, ги перев кога ги купив, и носев бело џемперче, и од внтатрешна страна доле ми се исфарбало од што ми допирало на фармерките. И стари фармерки што ми се неколку пати перени се уште ми пуштаат боја. И бели патики кога сум носела кај што ми допирале ми се исфарбале патиките. Има ли решение за ова или тешко? Или решение само светли фармерки, што и во последно време само такви купувам. Второ прашање:денес купив капут, и кога стигнав дома видов дека алармот не ми го извадиле, не знам како не свиреше. Дали мора во истата продавница да го однесам да ми го извадат, или може во било кој мол? Инаку го купив од Сити Мол. Дали ќе може пример во Капитол? И таму има Котон.
Да ми пуштаат, знаат и ташна да ми обојат. Решение да не де купуваат темни. Отиди каде што го купи со сметка, или пробај у котон аер исто со сметка .
Здраво сакам да прашам имаме смртен случај во фамилијата а исто така и нпвороднчето што сакаме да го крсѕиме на лето а исто така и ние да се венчаме Па да прашам дали треба да чекаме година да помине или? А исто сакаме и нешто да ренпвираме дома па колку да чекаме ?
За мене лично ова е застарено со чекање, како си се осеќате вие, колку ве погодило, колку сте блиски со оној кој загубил.
Да, и мене ташна крем или друга боја светла. Чаре-светли фармерки само хаха. Па знам дека ќе ми го извадат кај што го купив, ама Аеродром ми е поблиску, ок, ќе отидам, ќе прашам. Тежи да го влечам, да беше блуза подруго, во ташна ќе ја ставев. Прашај си поп најдобро. Ама ако не ти е во куќа мислам дека може. А за реновирање сум слушнала до година да не се реновира, ама не знам колку веруваат младиве во такви работи. Постарите знам така велеа, или не знам да се закова нешто дома, ова го слушнав еднаш од една баба, и знам на лајсната од паркетот закова шајка. Што се однесува до венчавка, имам слушнато ако не правите до година, се чекало после 3 години, и во ова веќе не веруваат. Од порано така останало. Едит:сега практикуваат барем до 40 дена ама во куќа ако е. Инаку татко ми кога почина, мм имаше почнато камења да лепи на шанкот, и не работеше неколку дена, потоа ги доврши, за малце му останаа. Ама татко ми не ни беше во куќа, ова кај нас.
При промена на име/презиме, освен вадење на нови документи (лична, пасош, возачка), дали има нешто друго што треба да се среди?
Каде можам да гледам филмови со македонски превод онлајн? Напоменувам не српски туку македонски. Тоа popcorn time го нема ли веќе?
Ако ти се потребни. На мене ми дадоа извод на родени кога бев да го пријавам бракот. Имав врски и затоа одма завршив работа. А државјанство не мора. Ама ако ти затреба, ќе трчаш како мене.
@koritsaki ми треба твоја помош. Дали можеби го знаеш брендот на чоколади (грчки) кои произведуваат чоколадни форми (розевото е бело со лешник, синото е црно и зеленото е бело полнето меко) пастелни се боите и се како фолија, не се буквални чоколади. Баш глупаво објаснив ама не знам како... Грци ми ги подарија и син ми со денови ме убива за такви да јаде а јас не ни погледнав како се викаа..
Епа не знам што да ти кажам, близок е, татко на маж ти. Некои не гледаат такви работи. Комшии едни реновираа после 40 дена откако починаа свекорот и свекрвата едно по друго, во иста куќа живееа. Поп да си прашаш најдобро. Знам некои после година се венчале ако родител им починел. Пријателка така ја откажаа свадбата кога почина татко и, и после една година правеа со дете. Ама кај вас друга е ситуацијата. Маж ти што вели?