Каде би можела да донирам облека, а да не е црвен крст или сл.организации? Пример, има ли некоја локација (можеби нема, но ете ме интересира) каде може уредно да оставам облека, а сепак тоа да не биде покрај контејнер (често вака сум среќавала и искрено ич не ми се допаѓа тој начин)? Последно практикував преку пријателка, но мислам дека на ќерка и' не и' се допаднаа и разбирам дека е вкус во прашање (вистина сакам да завршат на вистинското место)? Мислам дека луѓе се вреѓаат кога ќе се понуди нешто, а не гледам зошто?
Тоа најдобро ќе ти каже човек кој работи со тоа.. прво медијапанот колку е, па потоа колку што знам мора да се фарба, плус ногарки, па работна рака.. според мене 100+ евра сигурно е
Каде може да се купе сатенска лента ама онаа на топче што е и хартиени ќеси повеќе? Може и украсни кутии, ме интересира цени и големини за нив доколку некој знае.
Да провериш Сук Импекс дуќанот на Бит Пазар они имаат сатенски ленти во секакви бои и големини, можеби ќе најдеш и хартиени ќеси тука ако не провери и во Љуљиште Си пром спроти Полициска на Бит Пазар се наоѓа дуќанот или Пантер Груп Визбегово.
Како нарачувате од америчкиот амазон? Пробав со мастер и маестро, не сака. Ми треба само за америчкиот, бидејќи само таму го има тој производ. Инаку овој проблем го немам за амазон назначен за други држави. Ви благодарам.
Не знам каква бараш. По повеќево слаткари мислам има можеш да кажеш дали сакаш шнит или половина. Види во Веро и во Тинекс има убави замрзнати мали торти, а во Стокомак сега скоро донесоа медена торта, Милка, Тоблероне, со бадеми, исто така мали замрзнати. А ако ти е за помалку парчиња, а не ти треба цела торта ( ако не ти е за роденден на пример за свеќи туку за гости) можеш да земеш и од слаткарница на парче.
Јас наплаќам 15е од квадрат, а и повеќето што ги знам наплаќаат толку, работа во 3Д макс плус 2Д димензии и пресметки за мебел по мерка или листа за набавки.
Во продавници во молови може да се остави за рециклирање и искористување. А ако сакаш директно кај луѓе, можеш да пишеш во фејсбук групи, верувам дека веднаш некој ќе се пријави.