Процедурите на возачка и лк се едни за пасош се други. Како што кажа членката, тоа што не и го зеле пасошот е пропуст на службеникот, а сеа со гужвиве мислам дека не знаат кај тераат. За возачка и лк, не ти ги зема, туку ти се важечки додека не ти ги дадат новите и не ти ги перфорира старите. Документите остануваат кај тебе, ти да си ги уништиш/ чуваш сеедно. Процедурата за пасош: стариот го задржува службеникот додека новиот се изготвува (без разлика на клменталнава ситуација, северна/јужна). Кога го добиваш новиот пасош стариот го перфорира и ти го дава назад со новите. И мене ми стигна, исто на шпаркасе. Не знам што значи, ако имам врме ќе одам до банка па ќе пишам тука
@awkey не знам кај мене на никој не ни ги зедоја пасошите, јас сликана бев и го чекав новиот пасош, а со стариот бев грција
Скријте си ги тие старите пасоши дома оти нит се палат нит се утопуват во вода . Потврди и од дијамант се.
Јасно. Мислам дека ради гужвиве е така. Не знаат кај тераат. Еве мене ми го земаа, сестра ми, мајка ми, татко ми исто - они беа во еден ден. Дечко ми сеа се сликаше исто му го земаа. Пак е пропуст на службеникот. Фактички, кога си во процес на изработка на нов пасош стариот не ти важи. Ау да. Јас прашав зошто тие не ги задржат и уништат или нешто, службеничката ми рече пдообро е кај вас да се зошто од депоа може да ги украдат или од ѓубре и да ви зимат брзи кредити
Во врска со поракиве од банкиве. Не е измама, туку законска обврска за секоја банка до клиентите да достави извештај за тоа кои им биле задршките и колку изнесувале. Секој може да си го подигне на шалтер со лк, не де наплаќа.
Мо Може се да се плаќа онлајн, конкретно за вода си правиш акаунт на водовод и сите сметки платени и неплатени ти стигнуваат таму и си имаш архива
пораката од Шпаркасе ја добив и јас, другар работи таму, рече дека не е скам, него си праќале за да сме виделе шо сработеле. Глупости..
Здраво, дали знаете во скопје некоој што прави сервис на наочари за сонце. Конкретно имам RayBan Аviator, но рачките се раширени и ми паѓаат на лицето. Пробав сама да стегнам но не бива....
Јас кога вадев нов пасош пред 5-6 години поради промена на презиме, а и ми истекуваше наскоро, кога се сликав ми кажаа да им го оставам, им реков дека треба да патувам викендот и не ми го земаа, ми кажаа да го донесам кога ќе го подигнам новиот за да ми го поништат.
Леле, извини, не знам зошто сум помешал апостроф со наводници... ' ова е шифт+4 на кирилична поддршка. ‘ ова е шифт+7
Здраво, дали има некоја девојка што пости во петок? Денес ми е прв петок да постап, па ме интересира дали има некои посебни правила? Благодарам однапред
Добро е да си симнеш апликација Православен календар и да гледаш тука. Кога се паѓа некој празник, не се пости, и кога има повеќедневни пости, после тој пост неколку наредни среди и петоци не се пости.
Дали некој знае дали се уште може да се најде некаде стипса за бричење, се користела порано за сопирање на крварење при бричење?
Работи ли билетарата за продолжување на скопска кај железничка или онаа кај градски ѕид? Пред некоја недела не вршеа продолжување ми пропадна потврдата за редовен