Редовно ги пијам особено во зимските месеци. Имав дефицит едно време, сеа ваљда неам. Не сум проверила. Вака општо што знам дали и за што ми помогнал. Со години го пијам. Фала Богу имунитетот океј ми е цела година. За коските добар е. Преку Сонцето се синтетизира овој витамин, а ти баш викаш дека кај вас обично нели е тмурно времето. Пиј го слободно ама не ја надминувај дозата од 2000 ИЕ.
Можно е да не те го дава сега, после некое време пробај пак би требало тука е. Освен ако по грешка не си го избришала
Па баш прееска земав, има и магнезиум и калциум во него. Многу се осеќам никакво, бледо, подочнаци имам иако сум наспиена, коските сите ме болат и насабајле многу ми е тешко кога станувам. Прочитав дека овпј д3 е добар за имунитетот, па сакав и него да го зеам да го пијам. Иначе да, тука се тмурно е, мислам дека душата ми ја исцица ова времето, морам малку да се освежам
Ањушке, по овие симптомите шо ги гуглав овие денови, испаѓа дека јас иам дефицит на се . Треба се шо постои од витамини да зеам да пијам
Ништо штетно, само и со витамини треба да се внимава. Јас пијам, па ги прекинувам некое време. Никогаш во живот не сум пиела никакви витамини, сум внесувала преку храна, сега морам.
Значи еден суплемент е. Сигурно мала доза има на д3 во него. Може треба посебно да земеш од витаминов, само д3 да е. Ја Детрикал пијам. Пиев и по две од 1000, сеа едно само. Провери ако не дали дефицит имаш па види која доза ќе ти ја препорачаат. А преку лето не зимав буквално ништо од суплементи. До јуни обично пијам, после пауза.
Ако имам потреба ќе зеам посебно од него. Таму кај шо го купив ова денеска немаше само д3 витамин. А иначе незнам од колку е, еве ти слика да видиш шо пишува, не ги разбирам јас овие хироглифи. Ете таму кај шо пишува mit 10.....vitamin d3. Шо значат тие двете букви во средината не знам
10 микрограми биле 400 ИЕ. Па малечка доза е посебно ако имаш дефицит. Ама ок, пиј ги, види шо како. Може ок ќе ти се и доволно.
Германија како што нема многу сонце треба да пиеш. Нас не држи од летоска уште како што беше пекол. Тие што ги купувам, внатре има 90. Таман за 3 месеци, по едно пијам, а витамин Е по две дневно.
Kој вит Е го пиеш? Јас на Синерџи ама пишува по 1 на ден да не се преминува дозата. Ова од доктор по 2?