Се имаше заглавено пешкирче, дури се искинало таму кај што било фатено. Како се фатило, немам појма, не приметив ништо. Ама не се скинала гумата, само излегла од местото, среќа.
Дали можам да направам замена на фарби од ДМ? Денес купив две ама сум ја земала погрешната бројка, ја имам сметката, а фарбите не се отворени?
Имам едни панталони кои веќе не ме собираат во половината. Дали можам да ги однесам некаде на кројач за да ги прошират малку? И препорака доколку имате (реон Карпош/Влае)?
Спроти црквата во Ѓорче, во црвените згради. Не ми текнува на името на дуќанот. Маж ми таму носеше пантолони на стеснување/ширење.
Од кисела вода само 24 накај универзална или 4ка зависи од каде факаш бус. До аеродром не оди ништо, мораш до рекорд па од таму нешто што оди до аер. Или 58ца до југодрво па пд таму друг. Се зависи на која буска фаќаш бус
Од Кисела вода до Аеродром е само 13ка и тоа не застанува кај Бисер туку од друга страна оди и застанува кај Окта
Како ги перете оние алишта што се полу црни, полу бели? Значи нит за со црните ми е, нит во белите. Сите такви алишта досеа ми се уништиле, т.е ќе ги ставам со црни и белото станало сиво. Значи сакам црното да остане црно, а белото бело, како да напраам?